Па на почетокот го доев ама не беше доволно и му давав Хип Органик ама пред еден месец сменивме на Аптамил зошто многу повраќаше од Хипот и изметот му беше зелен. Е сега изгледа има некоја алергиска реакција од млекото, малце лицето му е вцрвенето и рапавко па докторката рече да му земеме хипоалергено млеко ама многу биле гадни ми рече и ништо друго не ми објасни, ја прашав за последици, што како ни рече ајде уживајте здраво ви е детето. Се мислам да прво да пробам со друго млеко, зошто незнам дали ќе го сака тоа хипоалергено, Хумана на пример па да видиме зошто ова му е одкога го користиме Аптамилот. Иначе си кака редовно еднаш до два пати на ден. Вие зошто го сменивте Аптамилот?
Затоа што не се какаше едната, а за другава го сменив од кога почна на краток период да бара пак, ми рекоа или да и појачам количина или да и го сменам пошо не и е доволно калорично изгледа, а дека првата на Хип ја имавме ставено, сеа и вторава од истото еден ден пие хип ..а викаш зелено какал, исто и мојава,мислевме настината да не е, ама веќс 3,4 пат е и све зелено, на Хип комбиотик сме,можно е значи до млекото да е зелено. ...и јас за Хумана се мислам...
Океј си е секој да си прави на свое дете што сака, но само едно прашање... Постариве генерации до кај 89та,на пример, пиевме кравјо и тоа сабајле и навечер по една чаша. Нашите ненормални биле што ни давале, глупи или?! Фала Богу ниту сме алергични, иту анемични. Децава од што ги браниме од се и сешто, почнаа од излегување од врата алергии да фаќаат, компликации. Не е секогаш до храната, ние ги правиме како во памук гледани. Не хејтам ништо, џаст сејинг. Peace! ✌️
Баш напротив, врие од секакви хронично алергии. И не се споредува нашето гледање и сега. Гојазни генерации, куп болести и што ли не. И јас не сакам цепидлачење ама во кравјото ништо добро нема. Да не зборуваме за тетрапакот. Бетер.
Јас не знам почнав да верувам во се и сешто а во исто време и не не знам збунета сум ...почнав многу рано да давам кравјо млеко иако мислев дека нема шанси да дадам ама немав избор адаптирано не сакаше никакво и немаше шанси со месеци бев упорна и не сакаше гладен беше плачеше и морав нешто прашав педијатар и рече давај нема каде..и дадов сега еве веке е годинка сакам да пробам пак да дадам адапѕирано но знам дека пак нема да сака да пие..инаку и кравјо не пиеше заборавив да кажам само во каши што ставав..извинете за долгиот пост
Јас со вода и ги прам кашите. Иако е 14 месеци , уште ја дојам навечер, а друго млеко не давам, нити сум во план кога ќе ја одбијам да давам уште помалце од тетрапак. Доволно внесува јогурт, сирење, к.млеко. Ама секоја мајка си знае најубо за детето.
Јас не сакав бев скроз против но беше мал и немав избор а и многу слабо напредуваше и ден денес е така за две недели прави годинка а нема ни 8 килца многу голем проблем ми е нејадењето и непиењето млеко а со тоа и спиењето да не речам исцрпена сум веќе незнам што да правам
Ic ne se sekiraj i moeto bebce uste nekolku dena ke polne 8 meseci a e 6 i pol kila bitno e da e zdravo kilazata ne e bitna
Малку поискусни мамички едно прашање.Бебево е 2ипол месеци и е на аптамил ар.Пие 120мл веќе 3 недели.Овие два дена откога ќе испие млекото одма плаче.Да пробам да и направам повеќе 150мл.Ми е страв да не е многу за толку месеци.Иначе има сигурно сега околу 5 500 кг.Ве молам за совет.Преку ден пие на 3часа некогаш и на 4h а навечер на 6h.
Можеби и е малце и затоа плачи Мојата од 2месеци си бара појче од 120,некој оброк ќе испија 150 некој ќе го остави Направи и и види, треба барем 10мл да остави за да знајш дека е најадено а не да испија до капка-совет од педијатар
Не гледај табели, дај му на бебко 150 мл, гладно е сигурно. Моето маже почна директ со 150 на таа возраст. Пиеше 110 мл из олзено од мене и плачеше за уште, па ми доправував и после раат 3 саати.
Моето едвај 2 ипол часа издржуваше и му давав ,многу плачеше.Пробај прво вода 20мл па почекај 10мин па млеко,кај нас не успеа демек ќе го засити.Негде од 6 месец веќе се потсмири да плаче за млеко и сега е за неколку дена 9 месеци ќе прави,не плаче за млеко и пие пополека ама имаме и плус три оброци.Секој месец по кило и 200 качува.
Уште ова со вода ми остана да пробам. Чај Бекутан му давам еднаш во денот ама 30/40 мин го држи максимум. И млеко сменивме, Хумана купив ама ич не му одговараше и на саат јадење бараше па се врaтивме на Аптамил. Цуцла сака ама само пред заспивање .
Мами дали некоја користи Хип комбиотик 3 за после една година и да каже искуство? Досега не сме менувале друго млеко па дали е добро? Башка и анемични сме, па не би му давала кравјо у никој случај.