И јас почнав со аптамилот и немам намера да го мењам, пу пу да не го урочам детето супер си го прифати, немаше никакви реакции само што конечно ми се наспа а од пред 3-4 дена го одбив, не му давам веке цице зашто така пак немаше никаков ред на јадење мене млеково ми секна ептен и сме само на ад сега, малку малечки ама тоа е бар не се мачиме и двајцата. Е сега сакав да ве прашам како му го припремате за да биде полесно и едноставно. Јас си зовривам купена вода едно 5-10 мин, ја оставам да се олади и ја ставам во статклено шише да си стои и таа ми е за цел ден. Коа ке му дојде време за јадење само ставам малку од неа во тенџерче да се затопли (тенџерче ново и се користи само за тоа) му ја ставам во шише му го давам млекцето. Дали е вака ок? Водата ок е што ми стои во стаклено шише цел ден и шо после само ја затоплувам? Сакам да земам сега некое апаратче за да му ја затоплам право со се шише ама незнам какво, нешто да ми предложите? А дозерките му ги давам без да му ги рамнам со ноже као што пишува во упатството, ја затресувам дозерката се дури не ми се израмни ок е вака? Многу го иступев али да си прашам да не случајно правам погрешно фала ви многу поз
Јас ја зовривам водата (имаме чаша само за тоа) и ставам со дозерката и јас не ја рамнам со ноже туку ја затресувам да се израмни потоа во таа чаша ставам ладна вода нели да се олади млекото побрзо бидејки малиот плаче и за 2-3 мин го пиеме, доколку целото не го испие после пак кога ке побара за 2 саати отприлика му правам ново млеко тоа старото не му го давам бидејки треба секогаш да биде свежо подготвено. Мојот начин на подготовка на лактовит е тој.
Моето млеко сеуште не секнало, но малиот не сака цице, се навикна на готова храничка, се храниме со нан 1. Отприлика за колку дена секнува млекото и дали постои можност за згрутчување на млекото во градите, па да си направам проблем?
Да можеш да си напраиш сериозен проблем, штом веке не цица измолзувај се на 2-3 саати, а ако веке не планираш да го вракаш на цице иди на гинеколог да ти препише бромергон за да ти престане млекото. Јас од коа го стаив само на ад ден два се измолзував иако немаше што да измолзам но една капка една капка измолзај ја зашто може да ти напраи проблем и после отидов на лекар ми ги препиша овие и ете ги пијам ама незнам зашо ги пијам млеко веке немам ич но она ми рече две недели да сум ги пиела да не случајно пак почне да ми лачи млеко
Чисто како за информација, ако почнеш со бромергонот тие се пијат според шема која ке ти ја каже лекарот и придржавај се строго на неа зашо исто така може да си напраиш проблем, незнаеш јас што доживеав вчера едвај се опраив. нп
Ние сме на Хип 1 Комбиотик и супер си ја прифати малата само што по малце фаќаме запек.. по колку водиччка да и давам на ден за да и се нормализира столицата?
Вода колку сака.Мислам дека кај бебиња на АД влијание за запек има ако не внесува доволно течност вода и чај. Ретко,скоро никој немал мака со НАН, ете супер сме и плус вода и плус бекутан чајот и редовно кака.За 5 месеци само 3 дена некакал. Значи обавезно вода иличај
ја пробав ама вода воопшто не сака а почна и чајот да ми го враќа...не знам што да правам..да и кратам од млекото па да и додавам вода или чај ..?
Нека помине 30-40 минути после млекото па понуди, вода малку пијат не е вкусна ама со чајот бидејќи е благ би требало.Може да пробаш и легнато со главата скроз на страна. Лежечки не треба да пие но кај бебиња има период кога баш така пијат.На неколку дена и кај нас е така млекото го допива лежејки
Јас не сум пила никакви апчиња за престанување на млекото, така ми кажа гинекологот, кога ќе престанам да дојам да не земам никакви апчиња оти се хормонски и многу се штетни, така кај мене престана само по себе, до душа јас и немав многу млеко, не му стигнуваше моето па пиеше плус дохрана и така кога видов дека џабе се мачиме и јас и он престанав да го дојам и си секна млекото само по себе и еве фала му на ГОспод немам никаков проблем со градите, си бев и на преглед и се е во најдобар ред. Јас ви препорачувам добро да размислите кога ќе престанете со доењето, дали да земате апчиња, нема фајда од нив само нус појави има, консултирајте се со гинекологот е најдобро решение Поздрав
И ние сме на Хип Комбиотик 1 (+ цицање) , на почетокот имавме запек, славевме кога малиов ќе се искака, но еве го сега си кака по 2-3 пат во денот и имаме нормална столица. После млекото пиеме по неколку голтки чајче Бекутан (100мл на ден)
Мамички моето бебе има 1ипол месец досега сме само на лактовит не цица па сега сакам да му го сменам гледам вие им давате од хипп и нан па незнам за кое да се одлучам кажете ми кое е подобро или да си продолжиме со лактовитот
Мамичке мислам дека тоа зависи од детето дали и како ќе го прифати млекото. Јас пробав на синко еднаш да му дадам Хумана но не ми го прифати, не сакаше ни да го помириса.
moeto bebe od vtoriot mesec go dohranuvam sohipp kombiotik.sega e tri i pol meseci i se cicame i dohranuvame.super goprifati.lesno svarlivo e i najslicno na majcinoto mleko taka bar mi rece pedijatarot.
Јас се консултирав со педијатар..и ми рече да не ја ранам со лактовит затоа што лактовитот бил најслаб од сите млека..и дека хипп биле најдобри..и еве сега сме на хип..прекинавме со лактовитот..
Девоjки, изгледа немам доеолно млеко...малиот кога ке се нацица градите ми се меки и неможе да се измолзат.А детрво за саат саат и пол пак бара да jaдте. Утре планирам со матичната да се кондултирам за дохрана. Jа колку што знам тоа оди некое млеко во прав хип се викало? Амя свекрва ми ми спомнува битолско со 10 витамини, ида се разредувало со вода. Мене ова ми е сомнително прв пат слушам, кажете ми...вие сте чуле за ова? И со што ja вршевте дохраната?
После секој подој, градите омекнуваат, нормално. Млеко сигурно имаш. Доколку имаш проблеми, обрати се тука https://www.facebook.com/groups/sobazadoenje/ Модератор е докторка која што се занимава исклучиво за доење. Во никој случај не давај кравјо млеко, а и не трчај по адаптирано млеко. И мојот дои на саат и пол, ме празни, аз саат, саат и пол пак имам млеко.
Сноу нормално е после доење да ги чуствуваш градите празни, а ако бебето бара по саат ипол пак да цица давај му пак да цица. Тоа битолско со 10 витамини, Дукат или какво и да е кравјо тетрапак млеко не се дава на бебе од 3 недели ...па и разредено со вода Лош совет од свекрвати. Ако гледаш дека не напредува во килажа, ке си се советуваш со педијатар и ќе си најдете соодветна замена за мајчино млеко , иако кај тебе нема потреба од тоа. Давај му да цица на бебе кога сака.
ма тоа битолско ти е обично тетрапак,демек збогатено со витамини ,ќе си даваш адаптирана формула за доенчиња ги има разни јас давав Хумана и ја има само во зегин и е 400 ден.-500кг