Девојки бебка ми прави 4 месеци.Пие ад хип бр.1, но сакам да сменам во аптимил.Сакам да прашам какво е вашето искуство и дали да му го сменам или да придолжам со хипот.Фала ви друшки
Ако си напредува добро до сега од него и ако не му прави запек или слично нема зошто да го менуваш, освен ако немаш препорака за специјална формула поради одредена причина.
Некоја мајка што живее во Германија да ми каже бренд на ад млеко во течна варијанта, сакам да порачам да ми донесат, ако има некоја да ми каже и цена и грамажа на истото, за бебе од 4 месеци.
Здраво мамички ,кое адаптирано млеко ми го препорачувате ,чисто да го имам дома инаку сме на доење, сум искористила до сега ХИПП 2 пати ,еднаш пред спиење на вечер бидеќи немав доволно млеко и неќеше да трга и втор пат кога имав зафат па неќев одма да му дадам ради анестезијата. Е сега хиппот не ми го сака ,кое би било океу млекце ?? Ве гушкаме
Здраво мајки, Јас од темата бременост сеуште се немам префрлено овде, но со палчица едвај имам време да пишувам. имено се обраќам за совет или ваше искуство... беба е месец и пол и ви првиот месец напредна супер, најпрво беше на комбинирано доење со ад но како одминуваше времето однемав млеко и останавме само на ад. Е сега последната недела приметувам дека беба помалку пие, односно ако следиме на кило по 150 ml кај неа е 100 до 120 максимум. Инаку сме на Аптамил 1. Незнам дали има простор за загриженост или сепк е во рамки на нормала? Редовно си полни пелени и каката и е златно-жолта од тој аспект се тепам дека е во ред....
Мамички на почетокот во првите недели колку ад пиевте и на колку часа? Ние сме предвремено родени и сме повекето на ад само еднаш до два пати максимум пие мајчино за фазла и немам ни млеко.. ние пиеме по 60, а сега и по фазла.. денеска др. ни кажа ако може и по 90 да си пие.. па ме интересираше колку вие пиевте..како мн ми делува 90
Моето е скоро 3 месеци, уште пие по 90, ретко 120, најчесто после тоа повраќа. Пробај напрај му 90 па ќе видиш дали ќе го испие. Ако после испиени 60 плаче и трга на цуцлата сака уште. Следи го, самото бебе ќе ти каже колку сака.
Мислам дека и тоа и е таман, мојата после 4,5м остана само на ад (а до тогаш на комбинирано) па повеќе од 120 немаше испиено никогаш, а на таа возраст од 1ипол м неможеше ни 90 да ги испие. Види како напредува, носи ја да ја мерат, ама и 100, 120мл за таа возраст е супер.
Мајки бебе е 2 месеци,цица од мене,но јас почнав со работа по неколку часа.Па сакав да и дават адаптирано млеко додека не сум дома.Кое ке ми го препорачате.Во болница првите денови и даваа хип со пробиотик.
До пред неколку дена, на моите им давав Нан. Почнаа поретко да какаат и имаа мака со мешето, па им сменив на Хип Комбиотик. Едното бебче убаво го прифати. Другиот повраќа од него. И двајцата повраќаат водичка од него. Ме загрижува ова со водичката. Ви се случило ли со вашите бебенца? Молам за одговор
Zdravo majki, Sakav da prasam kolku ml jadat vasite bebusi na eden mesec ? prasuvam za onie sto se na ad .. Nie sme mesec i nekolku denovi bebus jadese po 90ml sega si bara 120ml i gi jade bez problem, ako mu dadam pomalku ne moze da zaspie nervozen e kemkav.. inace napreduvame odlicno do sega .. zemavme aptamil premature sega ni ja smenija na aptamil 1 obicna i nekako ovaa ne mu drzi sitost.. vase iskustvo?
По 8 и пол месеци доење,син ми сам си реши дека нејќе да цица па сега сме на ад. На 9 месеци по колку мл пијат вашите? Има ден пие 120мл,некогаш 60 и до 150мл е стигнат. Има два оброци но количински ни 100гр. не се. А млеко пие 4 шишиња во текот на денот и 1 сабајле во 4. И никогаш не знам колку да дозирам , 120мл малце знае да му е или па пола да истурам... пие аптамил
На 7 и пол месеци, ќерка ми пие 3 пати во текот на денот по 150 и за успивање по 180, исто аптамил. Имам воведено 2 оброка до сега.
Сабајле во 6 пие ад 150мл и навечер за успивање во 20 часот исто 150мл е малце? Некако како да не сака да пие млеко. Има 3 оброци, не дека се обилни но не се ни без ич како што беше. Пие домашно сварено овошје како сок во текот на ден и ноќ вкупно 150мл и вода нејке да чуе. Вода е мешавината од овошјето. Може треба да му давам и на пладне едно шише? Но проблем ми е што не бара он храна/млеко,се јас на саат гледам и давам.
Знам дека има посебна тема за шишиња, но пишувам овде бидејќи е поактивна . Кои шишиња ги користите за ад? Од кои сте задоволни? Бебе пие од медела. На почеток со калма цуцлата додека комбиниравме доење и ад, па потоа продолживме со обичните цуцли. Бебе ги сака и кога пие не му тече од сите страни млеко. Проблемот ми е што пластиката на шишето пребрзо менува боја и мора на многу кратко време да се заменат со нови. Ги пробав томи типи ама бебе неможеше да се навикне на нив. Цуцлата има скроз друг облик. Се мислам да пробам со стаклени Дајте предлози кои да ги пробам
Avent стакло со натурал цуцла. Од такво пиеше и додека беше новороденче на комбинирано доење и ад. Стакло само имам , пластиката што велиш одма ми прими миризба. И со 1м+ дупче пие уште....