ВО ДМ имаш и има во Еуроалба (во Беверли). БИ требало и на други места каде што се продава бебешка опрема да ги има.
Дали има бејбилав 2ка и дали е добро млеко? Знам дека е многу поевтино од други, па затоа прашувам. И дали шише со цуцла за 2+ може да се користи на 6+ или треба друга цуцла да купам?
Ние стартувавме со Baby Nova, минијатурните шишенца од 125мл, само тие цуцли од каучук ги фатија. Уште пред да се родат земавме на Dr. Browns со додаток против грчеви. Беблаци беа многу мали, а шишињата широки и несмасни во однос на нив. Не бев упорна да пијат од нив. Ме иритираше глетката. Бебињата колку шишињата. Од пред месец дена пијат од Dr. Browns со силиконски цуцли. Супер им се. Исто и јас користам само стаклени.
Здраво мајки, моето дете има 16месеци и земаме хип3 комбиотик, но на подарок по грешка ни донеле хип органик 3, која е разликата оф комб. и органик, дали би претставувало проблем ако го пие ова, како шо приметив на комбиотик пишуваше дека е добро за заби и коски а на ова ништо.. Ве молам за одговор ако некој има искуство..
Мисли на дозерки за складирање на млеко. Инаку јас имам на НУби од Зегин, засебни се. Ама одамна се. И на Нук од Еуролаба(или како беше). А имам гледано и Џамбо.
Здраво мајки да ве прашам и се има ли на некоја случено самото бебе да го одвикне ад млеко, значи од раѓање пие ад и цица сега сме 7м наскоро тргам на раб а она во градинка и сега еве има 3дена никако несака да пие од него а мала е за само на кашички мора и млеко.. Дали да и понудам кравјо?
Не. Колку пие толку. Можеш веќе кисело, јогурт да даваш. Да внесува млечно. За вечера млечен оброк. И мојот имаше периоди кога не сакаше да душне или пиеше по 20 мл. Не давав ништо за замена. Колку пие -толку. Па после годинката кога се распи дете од Јуниор Ад, сега на две поминавме на кравјо. Кое баш не го сака, ама не ни форсирам. И јас не пијам млеко.
Кисело обожава а јогурт несака... Ич не пие ад само што ќе го виде шишето ја затвара устата и толку... Ама па затоа нонстоп цица... Два оброка веќе имаме за трет мислев од 8м да и дадам
Моето. Од раѓање беше на дохрана плус адаптирано, на 6 месеци го откажа. Не дадов друго, си цицаше, јадеше кисело млеко, покасно и јогурт дадов.
Мене ми е додека сме разделени да има млеко за пиење.. Ај кога ке бидам 1смена така и така ама 2..ја носам сабајле и се гледаме вечер во 10...
Јас незнам ни како изгледаат... како да ги барам... фала ти... ако може поточно во кој дел да барам и слика ..