Можеби не е соодветно на оваа тема да прашам, но поради тоа што се работи за опрема за ад млеко тука пишувам. Каде можам да најдам сад за млеко во прав, како што е на сликава?
Cо шише,вајда не со лажица..и како си тргнала Snow не е ни чудо детево до два месеца да ти пројаде и пржени јајца.
Сноу, бебето напредува? Ќерка ми има 41 ден, и уште сака некогаш да цица на саат, а не па на саат и пол. Јас немам доволно млеко, ама знаеш како го открив тоа? Се роди 3390, исто со толку излеговме од болница, а по две недели 48 саати немавме полна пелена и не беше какана 8 дена, и тежеше 3040. Педијатарот кога проба да ме измози имаше само една капка. ЕДНА КАПКА пред цицање, а не по подој. Морам да давам дохрана, и ми се плаче секој пат кога и спремам шише, а уживам кога ги цица тие 3 капки од мене. На своја рака ни да ти текне да даваш дохрана, и ако почнеш уште од сега вака да мислиш, за некој ден стварно ќе немаш млеко. Не е вистина дека мора млекото само да тече, не е така за сите. За син ти нема подобро од твоето млеко, ако е гладен нема устата да ја затвори од плачење, од искуство ти кажувам. Во круг се вртев дома од што незнаев што да и правам! Пополека малку. А советот на свекрвати, незнам што да кажам, стварно. Имаш лекар, прашај каде што треба. Ако ја слушав свекрва ми, требаше детево со мочка и пепел да го тријам за да и испаднеле влакненцата бебешки што ги има. Моја мочка, инаку. Глеј си детето како што осеќаш и како што ќе ти каже стручно лице, и не брзај!
Од денес моето бебе пие хипп комбиотик досега бевме само на лактовит супер го прифати хиппот сега ке му давам најизменично од двете додека да го потрошам лактовитот.
мона јас ти препораЧувам прво да се консултирас со педијатар,бидејќи мојата ми каза никако да не ги месам млеката.
Можно е од Пре Хипот да имаме толку многу грчеви? Третата кутија ни е до пола потрошена ама вчера и ноќва беше баајги тешко. Плус се мачи и напрега со саати за да се искака или да прдне и на крај завршуваме со пролив, околу 3 пати дневно. Не менувам на своја рака, денес сме на педијатар ама сакав и од вас мислење дали со замена на млекото ( и кое млеко) може да и ги намалам грчевите кои се и по 12 саати? Инаку имаме три недели и сме на доење плус 6 оброка по 60 мл. АД.
и тртушов мој од хипот имаше бааги мака,и повраќаше,сега сме на лактовит. А од хипот и ужасни грчеви имаше.
хахахахахахахахахахаха да не пукнеш хахахаха ! Сноу,никако Битолско разредено,мене на 3 недели ми допре млекото,ама и пред тоа бевме на дохрана,бидејќи моето бебче НЕ СЕ НАЈАДУВАШЕ,бараше на 5 мин да цица,јас мислам дека твоево е солидно,секако доколку со килажата е во ред.
Тоа е маката. Ние од почетокот сме на него и нема повраќамо, супер си напредува дури и повеќе од што треба ама оваа недела грчевите кулминираат. Докторката не сакаше да ми го смени, рече дека не е до него туку дека од што била прејадена. Се намачи детето, уште што не пробавме. Наредната недела ќе мора и матичен да избереме дека сега на приватно одевме и ќе се консултирам пак. Пробувам да сум умна и се плашам на своја рака да и менувам.
Ние преминавме од хип комб на органик и органико се покажа како мн подобро за разлика од комбиотикот..ни се стабилизира столицата што ни беше најбитно и сме сити 3-4 часа...а месечно напредува по 1,5 кг ...
Знам дека педијатрите се тука за да ни помогнат, но некогаш навистина само профит гледаат. Прочитајте го составот на Пре Хипп и Хипп Органик и на Лактовит и ќе видите која е разликата. Не само што нема разлика во составот туку и една иста фабрика ги произведува. Единствен проблем кај Лактовитот е тоа што нема 2 - 3, па од 6 нагоре доколку малото не се задоволува со тоа ќе треба да се замени со да речеме Хипп 2. Инаку кој педијатар и да прашате сите ги дохранувале своите деца со Лактовит, само очигледно тој што го продава низ земјава не се ангажира доволно кај докториве ( хихи) Во секој случај јас на куклава моја до 6 месеци и давав Лактовит и беше одлична ( и покрај тоа што на почеток кога имаше грчеви на инсистирање на матичната променив Нан, Хумана, Хипп , за на крај да завршиме со Саб Симплекс капки и соодветно шише кое помага за намалување на грчевите)
јас хипот на тртушов мој го заменив со лактовит поради 2 причини прво грчеви и повраќање и второ финансиски причини. после хипот од сите млека достапни на пазарот лактовитот ми беше најевтин,и јас мала пиев лактовит и тоа пие.Најдобро од се е што одлично го прифати. Мислам дека за АД млекото има разлика од бебе до бебе,и бебшите имаат различни организми и варења на храната.Така да самата мајка знае кое млеко му одговара а кое не.
Здраво мајки ве молам за помош или совет. Моето срценце има 1 месец и 13 дена. На почетокот го доев но само 2 нед бидејки снемав млеко но сега сме на адаптирано млеко . Моето прашање е за повраќањето. Уште кога го доев почна да поврака и се си мислев дека е прејаден па ајде му давав само од едната града па после му давав од другата и не повракаше толку но беше гладен и плачеше. И кога снемв млеко 4 дена нон стоп на града никако да престане да плаче а јас не знаев дека немам млеко се додека не отидов на лекар и таму ми кажаа па почнавме со адаптирано. Па 3 и 4 нед пиеше по 90 мл вода и 3 лазичиња од млекото (почнавме со Хип ПРЕ така ми кажаа од болница дека тоа било најдобро бидејки имало формула на мајчиното млеко) и ми повраќаше некогаш по 2 до 4 пат до напредниот оброк но некогаш ни еднаш а му го давав на 2 пат измегу го ждригав. Па сега земав Хип Комбиотик1 и му давам 120 мл вода и 4 лазичиња од млекото(моментално сме 6 недела) но иста песна некогаш поврака некогаш не обично поврака овие 2 дена наутро околку 7 часот кога му давам . Дали го прејадувам, дали да го сменам млекото што ме советувате. Исто така не спие денски само дремнува кога пиеше од Хип ПРЕ (по 10 мин) а со оваа поспива по 2 саати некогаш по пола саат. И сега не знам што да правам со млеква и ве молам за совет. Многу се иѕвинувам за долгиот пост.
Драга Риба 123 па јас и ти имаме доста сличности со нашите бебуши. И ние бевме почетокот на хипп комб иотик и повракаше и плачеше ја сменивме храната со новолак и пак исто со плачењето само што престана со повракање а веке имаме полни 3 мес и од први почнуваме со сок и каша од јаболка па видиме резултати јас мислам дека е гладна и затоа плаче ама мене најголем проблем ми е што не спие ако е во раце дремне ако ја ставам веднаш станува и јас барам некое решение ако има некој да помогне
Мојот бебуш не плаче само кога ке му здосади од лежење плачи за во раце. Еве сега само што го нахранив и си лежи не е повратил ама сабајлето во 6 што да ви кажам се напи пола од млекото и го кренав да ждригне и дали што е лаком па набрзина смукаше се поврати и јас целата бев повратена . Мене ме загрижува повраќањето не знам дали го прејадувам,дали му давам многу за оваа недела (гледам од кутијата како пишува) или па такво си е детето. Ве молам за мислење
Не секое плачење значи глад...мене повеќе ми наликува на грчеви...и мојата до пред некое време нон стоп плачеше и навистина тоа многу исцрпува и истото што го кажуваш и со спиењето нас ни се случуваше, во раце спие и по 2 часа, стави ја во креветче абе во секунда се буди...верувај и на бебчето не му е лесно, единствено што ти преостанува да бидеш трпелива бидејќи ќе смени ќе видиш, секој нов месец значи и промена.
Па 5 до 6 оброка и 120мл вода и 4 лажичиња од млекото. И јас му давам на 4 часа. А кога бевме на лекар докторката ми рече дека требало според неговата килажа да пие само по 600 мл во 24 часа а тој се буди точно на 4 часа и тоа гладен нема до каде раци во уста цуцлата ја смука мисли ке му пушти нешто па ја фрла бидејки нема ништо и плаче ако нема одма млеко.
мислам дека многу му даваш и затоа ти повраќа, за таа возраст треба максимум 600 мл да испие. Пробај по 60-90 мл да даваш на пократко време, на пример на 2 до 3 часа
Претходните 2 недели му давав по 90 и си бараше уште. Еден ден направих хаос цел ден плачеше и му дадов 90 поминаа 2 ипол часа тој плачи и бара со устето и раците во уста и му направив уште 60 пак плачеше а не се грчеше да има ггрчеви и му направив уште 60 и детево си заспа. А зошто не сака да спие преку ден само дремнува еве денеска на релаксаторот го лулав лулав и од цело време дали 1 саат му се има собрано да спиел а е станат од 8 часот. Па да пробам да му давам по 90 или по 100 на 3 или 3ипол часа. Ке правам по 120 и ке го фрлам остатокот ке му давам по 100.