Емке, барај ги како диспензери за храна, контињерчиња за храна во делот за бебенца. Слика незнам зошто не можам да прикачам. Има со розови и сини капачиња, по три прегради имаат. Ќе ги најдеш секако.
Мајки имам едно прашање ,внукот ми е на хип антирефлукс за некој ден ќе полни 5 мес .Пие по 120мл. млеко ама ни 2 саати не поминуваат детево е гладно некако ,прашањето ми е по колку мл. пијат вашите бебиња на оваа возраст ?
Моето на 5 пиеше по 150 мл - понекогаш малку му остануваше. Ако е само на млеко почнете со кашички - не го заситува доволно зошто е поактивен.
Мајки, моето бебче е на Аптамил, има 10 дена, јас многу малку млеко имам многу има гасови и многу плаче додека да ги испушти, претпоставувам од млекото. Дали да пробаме со друго?
Не би требало да е од млекото, мислам дека се грчеви како и кај сите бебиња. Не експериментирај со млека други, мало е. Пробај кога ќе почне да има гасови држи му ги нозете свиткани со колениците накај мешето, за полесно да испушти гасови и на спиење ставај топла тетра пелена. Советувај се до педијатар дали да дадеш ваја пробиотик, тие му помогнаа на моето ама незнам од кога смееш најрано да ги даваш.
Мајки кажете кое млеко е најдобро за качување на килажа? Моментално му давам Хип ар во комбинација со доење но многу малку ми напредува. Совет од педијатар да давам цице и плус ад, но читам од хип-от не се качувало многу. Дали да го сменам млекото или да пробам на три саати да давам по 90 мл плус цице. Тенкс
Јас првиот месец ипол давав хип плус доење. Го меревме еднаш неделно и на два пати зголемивме количина за ад, додека да почне да напредува. Мислам дека не е до млекото, туку до количината и колку често даваш. Сепак што и да се превземе нека биде во консултација со педијатар.
Мајки по колку мл ад пијат вашите беби на два и пол месеци? Ние сме само на ад едното пие по 90мл, некогаш и 120мл а другото едвај по 90мл а овие два дена ни 60мл не сака а не плаче си спие повеќе. Дали е за загрижување или некој период му е?
Zdravo zheni kako ste zadovolni od hipp combiotik mi treba za dohrana i dali vo pakovanjeto od 300 gr e vo edna kesichka ili vo dve
Бебе од старт пие хип комбиотик. Веќе е 6+ месеци. Сме немале проблем. Му одговара. Пакувањето од 300гр е во една кесичка.