Мајки, моево бебенце е на Аптамил комбинирано со мајчино. Му ставам капки colief во секое млекце. Многу има гасови, дали би можела да комбинирам капки еспумисан со colief или мора само едни?
Zdravo majki moevo bebce e 7 meseci, go doev do sega, no primetiv deka nemam poveke mleko. Od ednata grada izmolzav edvaj 30ml, a od drugata nisto. Sto da pravam ve molam za sovet. Koe adaptirano mleko e najdobro da i go davam?
Кај мене и двајцата ужасно повраќаа. Јас не го препорачувам. Можеби твоето бебенце убаво ќе го прифати. На секој му одговара различно. Секој со своето искуство.
Како виде дека немаш млеко? Не напредува??Јас повеќе од 30 мл многу ретко можам да измолзам, а бебе ми е 7 месеци и нема да воведам втор оброк иште некое време бидејќи убаво напредува(ова по препорака на педијатар). Ако цицајќи голта и убаво напредува немаш потреба од АД. Јас првите 2 месеци давав хип комбиотик после не давав до 6 месец. Па кога почнавме со дохрана пробав пак АД на хип не го сакаше, па зедов хумана. И од него не е воодушевена но чувам од него за секој случај макар што нема потреба. Па некогаш во каша И го давам. Да не имаш намалено исхрана кај тебе или скокаш доење со оброко? Види уште еднаш пробај на гради ставај ја често, млекото пак ќе дојде. И после оброк давај да цица @Matano јас првите 2 месеци го давав како дохрана Супер напредуваше ама еднаш дневно или еднаш на два дена така да не сум релевантна да кажам дека е добро. И моево бебе АД млекото го повраќа. Сменивме 4 вида него најмногу го прифати.
женски молам за совет. Малиот ми е месец и е само на адаптирано. Почнавме со Аптамил, се си беше во ред и одеднаш престана да кака неколку дена. Педијатарот ни рече да земеме Аптамил Комфорт, ама и со него само еднаш во ден какаше и тоа зелено...јас одма паник атак. И се јавив пак ми рече Бебелан да даваме. Тој си го пие ама еве и од него не кака. Ми рекоа не е страшно ама ми е чудно зошто претходно си полнеше по 4-5 пелени. Не знам дали да менуваме пак млекце или да го оставиме вака? Секој совет би ми бил добредојден
Јас наидов на сличен проблем со моите близначиња. На почеток беа на Нан. Немаа редовна столица и тешко какаа. Каката им беше зелена и покрај тоа што беа навистина доволно заситени. По препорака на матичната преминавме на Хип. Премногу повраќаа и двајцата. Од тие причини сменивме во Аптамил. Од почетокот беше те добро, те лошо. Мислам, какаа, па не какаа и нервозите си одеа. Незнаејќи што да правам веќе, исконтактирав еден од неонаталозите на ОИНТ кој беспрекорно се грижеше за моите бебиња додека беа во инкубатор. Прво ме искара што сум им сменила млекце и ми рече да бидам трпелива. Треба период да помине за да им се навикнат цревцата. Ми рече да сум трпелива и да оставам време цревцата да им се навикнат на млекото. Не се во прашања неколку дена, остави барем две недели минимум да го пијат. Јас потполно те разбирам како се чувствуваш.. Веќе неколку месеци моите пијат Аптамил и се им се среди. Да речам, месец дена од користењето веќе убаво си го прифатија и им се регулираа цревцата. Советувам да си упорна. Исто така, откако им сменив пробиотик, и тие се сменија мислам. Им давав Ваја, ништо. Про баланс бејби проект од кенкави бебиња кои не какаа редовно и често беа раздразливи, придонесе да се смирени и редовно да се празнат. Така да, не мисли дека е нормално до млекото секогаш. Ви посакувам средување на ситуацијата
Ние бевме на доење на почеток давав АД но ми го повраќаше многу. Како што ти кажа @bela.m и мене др ми рече да не менувам АД често барем 2-3 недели да поминатод еден тип млеко. А за пробиотик јас сменил 2-3 најубав и најфиксен ми се покажа провен Бејби од Зегин. Немаме проблем со какање но еве сега кога од некоја храна не кака и давам провен и веднаш кака и тоа неколку пати. Давај редовно пробиотик некое време, ќе се среди.
фала ви многу. Инаку му давам пробиотик Ваја ама два дена. Пред тоа Линекс иако знам дека не е добар ама педијатарот го предложи. Инаку откако е ова со столицата почна и да не си го допива млекото. Претходно пиеше по 90мл на 3 часа, а сега обавезно во 2-3 оброка остава по 20мл. Не знам дали е во ред, прво детенце ми е ептен сум распаметена
Не се празни цревцата, затоа не се дојадува. Ќе се среди со тек на време. Ќе видиш колку количина ќе изеде од кога ќе се искака. Кај моите барем тоа го забележав. Дури и не јадеа смирено кога не беа какани. Толку е капацитетот на цревата, мора да се ослободи простор за да се наполнат повторно. Ништо страшно, ќе се регулира.
Мајки бебе има месец ипол и сме на ад плус од време на време и цице ама мн малку. Последниве неколку дена одвај издржува 3 часа да поминат од оброк а по 120мл давам. Дали да зголемам на 150мл или да давам на два ипол саата? Давам хип ар. Тенкс
Ние сме месец ипол јас и давам на baby love храна . И приметив дека коа и давам чајче бекутан за 10 20 мин се празни. Пробај така со чај. Тој и за грчеви е добар делува. Коа ке сака да кака ја соблакам и нпзете и ги стискам накај мешето и иде многу брзо и помагам.
Хахаха добро е има и други гладни бебиња И мојава не додржува 3саати Така да и давам коа ке огладне Нема потреба да се нервира и да плаче а знам дека е гладна Ако и е многу ке си поврати или нема да го допие. Најадено бебе мир у кука