ако сакате и можете пријавете за Бебеланот на нивната официјална страна на ФБ, бидејќи јас ги информирав ама они ми рекоа дека може да е до инфект, ама испадна до млекото. Видов и други мајки ја имаа истата забелешка со новата формула, па убаво би било да знаат за да пренесат кај производителот. Знам кога работев во аптека имаа родители проблем со Аптамил, па испадна до серија било итн. Добро е да знаат, сепак за деца се работи
Дали на некоја мамичка и треба Аптамил 1, (пакување од 800гр) сакам да ја дадам на некој што ќе му користи. Купена е пред 6 дена, отворена и сме искористиле само еднаш, една дозерка. Бидејќи повеќе не ни треба, доколку има некој што би му користела, да се договориме да му ја дадам ❤
Мамички, прашање кое ме мачи ако може некој да одговори: како го подготвувате ад во лето, дали го затоплувате па ладите со оглед на тоа што летото е жешко па и бебињата се луѓе чувствуваат жед
мајки нова сум на форумот и не најдов слична тема како мојот проблем... бебе е 2месеци полни вчера и сме на ад бебелан првиот месец пиеше вкупно 650мл за 24 часа од кога влеговме во 2 намали на 520 најмногу и тоа едвај навечер се буди ке испие 30 40мл и еве од 6ч сабајле кога испи 30мл 9ч тој спие не бара... инаку едвај по 90 пиеме а тежи 5700 пред една недела се меревме.... по колку пијат вашите 2месечни бебиња....извинете ако се повторувам
а зошто едвај по 90мл..ако не забележувате друг проблем нема зошто да се секирате. И син ми околу 2 месеци имаше ваков период, со сила му пикав и џабе, ќе го повратеше..па еве го сега пие пак нормално, и таа тежина е повеќе од супер за 2 месеци
а колкави сте сега и колку ви траеше тој период се надевам период е не е до млекото... зошто наместо да накачуваме количина како што растеме ние намалуваме
сега е дури 3 ипол месеци голем па траеше можеби недела дена, може и нешто повеќе, и овде исто пишав..ем што не пиеше, па и испиеното го бљуцкаше..па фатив му водев дневник колку пие на ден, собирав, одземав...на крај кога видов дека он си е весел, си полни пеленчиња и качува килажа се откажав...прво дете викаат е потешко следете го, ако си качува, нема зошто да му се секирате, ќе си пие колку му се пие. Со мм не знам колку млеко имаме фрлено од што му се запнавме уште тогаш да пиел по 120мл. а детево не сака. А, сега пие, и некогаш и 150мл. како си сака бебе така си прави
па да ти кажам и нз што се подразбира под полни пелени од вчера вечер до сабајле до 6ч пелената полупразна а преку ден има некој така пополна леле кога ке дојде ден да пие така убаво млекце а не се на буткање значи буквално нз кога е точно гладен гледам на часовник и ако во тој момент заплаче гладен е можеби сум смешна ноо многу сум разочарана кога гледам др бебиња како си пијат со сласт
и ние сме на новата формула на бебелан и имаме жолто зелена столица и потечна од вообичаено педијатар ми рече дека тоа е од тоа што во млекото палмината маст е заменета со млечна маст и се додека напредува да не се грижам...
Што мислите за млекото baby love, имаме точно месец дена на Аптамил сме до сега супер напредува 1100грама качи за месец, дали ако и го сменам може да има некаква реакција?
исто и на синчево, ова ни е 5то млеко и некако најмногу мислам му се допаѓа, а и јас и сопругот го пробавме, не е лошо, има вкус на млеко
Мојата е 9 месеци и има 3 оброци и обично вечерата и е каша со АД млеко и сеуште повеќе од 90 мл не изела каша. Првите 3 месеци и давав дохрана кога немав млеко( инаку на доење сме) и никогаш повеќе од 70-80 млеко не испи. Ако спие, не плачи, убаво напредува( просек 25 гр денот) нема што да се грижиш. А и килажата не ви е за потценување.
Девојки моево бебе е 1 недела и сеуште немам доволно млеко за цел оброк и му давам бебелан дохрана. Сака само по 30 мл многу ретко 60 мл да испие и бара на саат ипол два. Што да правам нели дохрана на 3 саати се дава.
Дохраната смее да се дава до 40мин откако е направена (или провери во упатство за секој случај). Да пробаш да дадеш 30мл,па за пола саат уште 30мл? Иначе да, за организмот да ја преработи дохраната му требаат максимум 3 саати.
Ад се дава најрано на 2 ипол часа. Идеално после 3. Му треба време на желудникот да го свари. Не се вари брзо како мајчиното млеко. Сум пишувала и претходно, ако плаче не мора секогаш да значи дека е гладно. Може да има грчеви или само да му треба мама. Не му го оптоварувај желудникот со ад млеко на саат време.
А кое АД млеко мајки го давате вие на вашите сонциња ? Од кое имате најдобро искуство. Јас првично земав Хумана 1 ама имавме проблем со какање не се какаше и по препорака го купив Бебелан 1 и одма е подобро си се кака секој ден.
@Jana06 го пробав твојот предлог и успешно беше. Цицаше од мене и побара послем дохрана. Му направив 60 мл испи 30 мл и не сакаше повеќе. Останатите 30мл му ги дадов послем 20 мин пола саат си ги испи и си заспа убаво. Само на овој начин ќе можам да го држам 3 саати