Да и јас се мислам да почнам така,вака е баш напорно секој ден...а мислам дека еднаш недело е баш доволно.
После употреба ги мијам и после ги ставам во стерилизатор. Душа му извадивме на стерилизаторот, препрактична работа излезе за нас.
Стерилизатор за деца кои се на ад е најупотребувана работа. Со здравје на бебе не би се играла, парење со вода и стерилизирање не е исто. Стерилизатор на струја на чико е 3000, за во микробранова поевтин беше ама не памтам колку.
. јас ги мијам со врела вода само,а кога ги вријам со сјај фрош првин па ги вријам и пак мијам,ама изгледа како што викаш најпаметно ќе биде да си купам стерилизатор
Мојата е на комбинирано и цица плус па не ги користиме многу шишињата, 3 ги менувам најизменично. Затоа и вака ги вријам, немам стерилизатор.
Составот воопшто не е ист да се разбереме,хранливата вредност исто така,но може млекото си е сосема ок,немам пробано но споредете го млекото од ДМ со Аптамил пример или ХИП ке се уверите
Ние почнавме со аптамил 1, по препорака на педијатар на 1 месец почнав да и го мешам со аптамил комфорт демек заради олеснување на грчеви но беба многу тешко какаше, почна зелено и ептен густо да неможам да ја избришам, се мачеше душиче. На моја иницијатива си земав Бејби Лов Пре еве 4та кутија пие и супер се покажа, лесно си кака и грчевите како да ги снема од млекво, за разликата во цена да не дискутираме, тродупло е поефтино. Еве слика од се што содржат, скоро и да нема разлика.
Фала. Мене не ми е многу битно, синко цица, 10+ е и за каши користам ад. Ама можеби некоја друга мајка ке сака да прочита.
Мајки ние пијаме Хип 1, па ме интересира која е разлика помеѓу Хип 1 и Хип 2 во составот знам дека е за над 6 месеци второто?
Мајки дали има некоја специјална формула на ад млеко за доење и дохрана ? Ние сме 26 дена и комбинираме доење и адаптирано. Адаптирано користам бебелан ама некако тешко ни оди какањето.
Не знам каква формула е и ние сме на доење и дохрана ама од првиот ден пијаме вакво и си кака редовно.