1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Адаптирано млеко

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 12 јануари 2013.

  1. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    а аптaмил си пробала да даваш?
     
  2. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Пробај со Хумана супер е од 500гр е 410 денари во Зегин
     
  3. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    И ние го имавме овој период, проблем ни беше цуцлата. Ја сменивме, па додека да свати дека новата повеќе пушта имавме уште 2-3 дена мака. После се беше ок, додека пак не и текна да изводи.
    И јас мислев на почеток дека е млекото, ведна го сменив, но се зезнав не беше проблемот во него. Сега имам останато едно пакување НАН, а моментално давам Аптамил. Сега ги сака и двете, не прави проблем, виде дека цуцлата пушта.
    Не верувам дека имате проблем со млекото, тоа ми беше поентата :$
     
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Па тоа млеко престана да го пие .
    Меу изгледа и ствара стварно многу гасови и нејќе пробав малку хип д аи дадам од порано што имав 1неотворен почна да пие како луда се надевам ќе бидеме ок сеа
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    МАЈКИ еве ме и мене во групава, се придружувам и јас и сега имам задача да исчитам се од почеток до крај... поздравче и се дружиме ..... :inlove:



    Одма почнувам со прашање, бидејки ние сме на адаптирано млеко, уште од болница, јас на десна града немам воопшто млеко а на лева по некоја капка, од болница ни рекоа да земеме Хумана 1 , Андреј го пие ова млеко и еве овие два дена и мочкање и какање имавме супер , златно жолтеникава е бојата на какушката и супер си спие , што мислите вие дали е ова млеко ок (му дозирам околу 60 гр, ако испие испие ако не колку пие толку не форсирам за да не повраќа ) од болница ни рекоа околу 30 грама до 40 грама да пие па после да се наголемува. Дајте мајки совет дали е ок и дали сме ок со ова млеко или има и подобри ?

    фала
     
  6. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6месеци

    Како најдобри се сметаат Аптамил и Нан но нема правило ако бебето си пие Хумана не го одбива убаво си пие не повраќа нема потреба да го менуваш.
    Ние почнавме од старт со Нан и со него си тераме.
    И убаво си правиш нема потреба да форсираш само да припазуваш да поминат 3 саати од една до друга доза за да има простор да се свари храната,ако приметиш дека за помалку од 3 часа пак плаче за мелеко зголеми ја по малку дозата ,самото бебе ќе ти покаже колку сака.
     
    На abeti му/ѝ се допаѓа ова.
  7. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Вештачко млеко си е вештачко, кое и да го даваш детето пак ќе порасне. Разлика има повеќе во цената, па се зависи како си спремна да трошиш. Сега помалку, но со тек на време ќе трошите многу повеќе млеко, а сето тоа се одразува на џебот.
    И мајките со најефтино што ги ранат децата ги израснале, а и оние кои давале Аптамил(кое мислам дека е најскапо моментално кај нас), исто така ги израснале.
    Ние почнавме со Беби мил, па преминавме на НАН1, сега земав на милупа од Грција Аптамил, па кога ќе ми снема од него повторно НАН1 ќе си пие(зошто ми остана едно неотворено дома).....
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Ова дали до млекото е , но засега одлично ни оди со Аптамилот, 2-3 шишиња без проблем си ги пие. И правам по 90мл, но вришти кога ќе и снема, па ќе пробам со 120мл.
    Знаете веќе дека пишував минатата недела оти малата не сакаше да јаде. Викендов го пројдовме без проблем, си пиеше млеко, си цицаше. Од петокот го воведов Аптамилот, а до пред тоа НАН1, е сега дали е можно да беше до млекото пак незнам, зошто петокот не пиеше, а од саботата почна да пие без да се инати. Истото ми го правеше и пред месец дена.
    За какање, со Аптамил немаме проблем(барем засега), но затоа пие и по 100-120мл чајче Бекутан.
    Земав и чајчиња на Милупа, па ќе пробаме и со нив.
    Сега детето си е она старото, со апетит и си јаде баш како што треба, за разлика од пред 5дена, кога имавме период од две недели кога одбиваше храна(за овој проблем Аннатх, ми кажа дека е поради скок во развојот. Мислам дека беше во право зошто ние се родивме мн мали, а сега си ги достигнавме врсниците. Само јас мислев дека периодов ќе трае максимум 5-6дена, па навистина се испаничив.), да напоменам дека пиеме и витамин Ц, па можеби и тоа влијае на апетитот.

    Ме интересираат искуства на бебиња од три ипол месеци колкава количина млеко им давате (да знам кога сме на АД). Досега давам по 90(спомнав погоре), ќе пробам и со 120мл. Но, до колку максимум да одам?
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Колку што ти јаде, толку. Она што го пишува на кутијата е ориентационо за возраста.
    А скоковите во развојот одат на периоди, кај сите бебиња скоро исто е. За некое време пак ќе забележиш промени ;)
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Meu аптамилот и моето го пиеше во големи количини 120 мл си ги цуцкаше без око да и трепне така да очекувај дека во однос на нанот ќе пие повеќе ако го сака зашто е полесно . Инаку откако престана да го пие мојава аптамилот хипот пак почна д ами г осецка и пие количински каде каде помалку од 80 мл не може да мрдне па уште 40-50 мл ги цуцка по пол саат комедија. Инаку сакав да те прашам сега кои цуцли ги користите, зашто можно е оваа веќе дане г осака нукот некако пие пие па се нервира што и шматка ?
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Ние уште сме со НУК, задоволна сум од нив ептен. И од Чико бев презадоволна, но има навистина голема разлика од едните до другите .
     
    На pepus му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    јас од старт користам хумана и е супер млеко и дозирав одпочеток по 90 мл и долго време си пиеше толку па негде накај 4 месеци почнав да и давам хумана 2 што е за од 6 месеци во доза од 120 и тоа го пиешее до пуни 6 месеци а сега пие 150 имаме 7 месеци а не се водам по пишуваното на кутијата
     
  13. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Покрај млеково кое го давам одприлика 60-70 гр зависи од него, дали се дава и чајче од бекутан , или нема потреба, ние даваме од капките за грчеви по потреба, така да незнам дали и чајче да му правиме или да оставиме сега за сега вака , што мислите ?
     
  14. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Кога пие детето АД мора да се дава водичка или чајче.
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    син ми од 10 дена старост е цело време со ад млеко и тогаш и сега кога јади скоро се несака ни вода ни чај а во последно време ни сок.
    вода му давам почесто купив и чаша со клунче ама не сака.
    е од филџан му е интересно кај ќе плукни кај ќе голтни ама то не е пиење.
    незнам поќе што да правам :( :( :( :(
     
  16. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    И јас сакав да го споделам моево искуство после 3 ипол месеци , пробување разни АД млека ние почнавме со кравјо млеко поточно Битолско. Педијатарот ми препорача бидејќи ќерками никогаш немала жолта бебешка столица, што според нејзино мислење не е во ред .. скроз зелено . И така некако ме убедија да пробам со кравјо Пробав со Битолско 2,8 м разредено 2:1 така неколку дена на почетокот имавме проблеми со столицата ама пиевме сокче од слива на Хипп и помина сега имаме баш жолта бебешка столица. Искрено бев скептик ама побарав мислење од повеќе педијатри и сите истото ми го кажаа , среќа алегрија немаме и сега е се во ред веќе не го разредуваме со вода е сега педијатарот ми вика да почнам со 3,2 масленост и да ставам многу малку вода (пример на 100мл , 10мл вода)ама и за ова се мислам не знам што да правиме. А после 6 месеци ми рекоа да прекинам со тетра пак и да побарам ако имам од некаде да земам кравјо млеко од крава , ама од некој по сигурен зошто обично го разредувале .. на мисла сум и не знам што понатаму
     
  17. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Синоќа баш со другарка ми правевме муабет за обичното тетра пак млекото. И јас познавам луѓе кои го даваат на своите деца, уште од самиот почеток. Но, се мислам кои витамини и железо ги има во ова млеко :?:
    Падна муабетот зошто мене малата ми е слабокрвна, па даваме Ферум лек, и покрај тоа што мене железото ми е добро(па прима кога цица), а и АД-то има железо во него.
    Многу пазење сака оваа работа.
    Ете никогаш малата не пиела големи количини млеко, но ова Аптамилот лом го прави, 200мл да и дадам малку ќе и се. Дури кога ќе ја намириса цуцлата сега се тепа за неа. А го пробав вчера, бога ми вкусен е :$ (за разлика од другите АД, кои ми мирисаа на умрено |( )
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    кога му дадов на син ми кравјо не сакаше ни цуцлата да ла лапни .неколку дена пробував најмногу што испи се 100мл, за разлика од ад кое го пие по 230мл
    кравско купив за варење што е и тоа е најубо да си изврие.
    а во врска со ад млеката сите ги имаме пробано и сите ги ги пие дури и хумана сл со соја што е го пиеше.
    сега пак сме со нан 2
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Тетрапак млекото не содржи ништо корисно за вас, камоли за вашите деца. Јуник, јас мислам дека твојата е мала, ама штом педијатар ти рекол, во ред. Тој го знае твоето дете подобро од мене. Ама те молам, тетрапак никако, ниту пак со намалена масленост. Тетрапак млекото го преработуваат повеќе пати и после поминувањето на рокот и пак го враќаат во продавница (обележано е на амбалажата одоздола колку пати е преработено). Млекото е најдобро да биде свежо, сварено дома, и секако со нормална масленост. Не смееш на бебето да му ги скратуваш маснотиите кои му се потребни за развој на мозочето.
     
  20. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас го дохранувам со Хипп, до сега немам замерка, каката е редовна, лесна и со боја жолта како сенф,немаме некој проблем со грчеви.
    Првата недела му давав по 40 мл од моето млеко, и додавав за дохрана по 10, 20 мл од Хипп и бебето за 4 дена доби 180 гр.
    Сега сме втора недела, јас вадам максимум 50 мл од молзење по оброк, ама бебе сега бара повеќе и ни доаѓа скоро пола пола однос мајчино млеко со адаптирано и бебето е мирно и спие по 2.5 до 3 саати од оброк до оброк.
    Имаме некоја табела како одат дозите по недели по месеци колку за споредба за да видиме дали јаде повеќе или помалку, или се гледа индивидуално по бебе, додека мирно спие, редовно јаде и кака, да тераме како што си бара бебето? Не би сакала да му додавам дохрана повеќе од неопходното.