На моето дете искрено Бејбилав му одговара највеќе од сите АД млека. Незнам зошто е толкава разликата во цена, прво јас заради тоа и бев скептик, ама после ми беше криво што уште од 1ца не го имав префрлено на Бејбилав. Имам читано на други форуми и странски дека наводно е Хумана, ама брендирано од Бејбилав и демек дека производ на ДМ и затоа е поефтино. Е сега па не ми е верно да е Хумана зошто син ми ич не ја прифати,фрлив цела кутија. Мене золва ми ми го препорача,нејзиното е пораснато на тоа АД. Пробај, ако не му одговара ќе го фрлиш, ќе прежалиш 300 ден. По мене најдобри се Нан и Бејбилав.
Моево е на доење 11+ месеци. За во каша единствено Бејби лав 2 прифати. Сите ги пробав околу 6 месец. Сеуште него го користиме. А за пиење сите ги пробав, не и не никакво не пропи.
Кажете ми дали некоја користи Колиеф капки за бебето и колку време ги користите.Ве прашувам од причина што јас ги давав на моето бебе по препорака од матичен педијатар но на последната контрола ни кажа дека само 3 недели се користеле.Ве молам за искуство иначе и давам Пре Нан АД млеко и гледам дека со столицата наки мачиме веќе една недела вчера воопшто не е какана а цело време само се стега и гасови испушта.Проблем е што при хранење знае да се стегне и да неможеме да се нараниме.
Мајки јас неколку недели давам аптамил комфорт 1 бебе кака на 2-4 дена и има темно зелена столица не течна туку густа и напнува кога кака не да плачи туку стенка само..сакам да сменам со хип комбиотик 1 оти ова не го заситува на секои 2 саати бара..се јавив кај педијатарот да прашам ама на одмор е иначе бебка е 3 месеци и повеќе од 120мл не пие...а и многу грдо ми мириса аптамилов и ако постои 15-20 мин тегаво е некако млекото не е течно денес и го пробав после 15 мин стоење и грд вкус има како да нагорчува и како нерастворено е има кристали низ него а на 40-45 степени го растварам
Како така 3 недели само? Моето е 2 месеци и уште од првиот ден сме со Колиев. Колку е старо твоето? Јас 1 месец му ставав по 3 во секое шишенце(хипп комбиотик) дека и пробвев да го цицам по малку ама не ми надојде млеко па се префрлив скроз на адаптирано, и од тогаш веќе цел месец во 3 шишенца по 3 капки ставам во 24часа. Еднаш отидов кај мајками во село и ги заборавив капките дома, 3 дена не му дадов на 4тиот бебе не престана да плаче од грчеви и гасови. Мене многу ми помагаат. Ама ќе и се јаваѓ и на докторката да ја прашам сега ме замисли со ова.
Ние сме скоро 2 месеци ама мислам дека нешто мојата докторка има смешано зашто најдов на нет пишува до 3 -4 месеци се коростат најверојатно на месец мислела и мене не ми беше логички после дома ко размислив.И мојата е на одмор неможам да ја добијам а читам на форумиве сите повеќе ги користеле.
Kolief se pijat tri cetiri meseci jas gi davav na mojata kerka ama ic ne sum zadovolna od niv ne ni pomognaa ic samo infakalm ni pomagase
Може, мене од Аптамил ми се исфрла, ми рече педијатар хипоалергено да земам, па со друг педијатар фамилијарен пријател се консултирав он ми рече да пробаме прво со друго ад, па ако не се смени, да земам хипоалергено. Од Нан и од Бејбилав ништо не му е, еве и ден денес пие, па и кравјо давам, ништо нема. Незнам што е разликата помеѓу Аптамил и другиве две, по состав сите Ад млека се исти можда слични, ама тоа е моето искуство. Пробај прво така.
На лицето му излегоа како ситни брунчиња, црвенило му се правеше и како рапаво, на нозете имаше исто на една две места и одпозади коленцата на двете нозе. Сега фала богу ништо нема.
Мајки, бебе ми е 8 месеци, и давам кашички од 4 месец, сеуште си цица меѓутоа веќе приметувам дека моето млеко не и е доволно, па сакав да ве прашам кое млеко би ми препорачале да и го земам. Кое најлесно го прифатиле вашите бебуши??
Дај боже да дмени и кај нас.. Да не е алергично инсче многу лошо да си алергичен ма млечни производи..
Мајки совет..бебе го префрлив на ад и давав аптамил комфорт ама многу темно зелена и густа кака имаше и напнуваше за да се искака и какаше на 4 дена..го префрлив на хипп комбиотик и сега еве каката му е светло зелена со жолто ама пак тешко кака и не му е течна само почесто кака или секој или преку еден ден..да почекам уште малку пред да пробам друго или да сменам сега. иначе на хип е десетина дена..?
Moj sovet ti e dodeka mozes doj go ne davaj sise oti ako se navikne na sise posle mozda ke nejke da cica mozes veke i tret obrok da mu vovedes na bebeto nemora da e toa mleko
Знам јас бев како мала. Млеко кравјо 2 пати вриено, кашкавал смеев, сирење не... Чоколадо не смеев да јадам