Majki so kakva voda go pravite mlekoto? Dr mi kaza da kupuvam od Hipp sto ne treba da se prevriva, dali moze da prevrijam od rosa celo sise i posle taa da ja koristam cel den?
Водата треба да е изворска и со ниско ниво на натриум што е најважно. Хип има повеќе од Роса. Која и да ја земате купечка не се преврива.
Bebelan ти е најефтина за спремање млеко и нема потреба да ја превриваш. Хипп е ужасно скапа за да ја користиш цело време.
а зошто? Тогаш може и од чешма ако превривате купечка. Преработена и прочистена вода пак ја превривате. На некои и стои не се преврвива
Зависи каде живееш. Кога одам кај моите во Скопје, превриена вода од чешма, има многу бигор, купувам Изворска 5 или 6 литри нез како беше, околу 57 денари. Овде дома, водата нема толку бигор, ставав во бокал електричен обична од чешма, еден термос полнев со жешка вода, во друг термос полнев оладена превриена вода и цел ден си имав за млеко правење. Ептен ретко купувам флаширана итоа било каква. Тоа Хип, Бебелан и незнам какви, мене ми се маркетинг и пари за џабе фрлање. Малку пари се дава за млеко, шишиња, цуцли уште за вода демек поразлична од другиве флаширани.
Тоа и јас сакам, но навечер некогаш се буди на 2 саати а јас немам млеко, затоа се мислам дека не се доволно нахранува и тогаш и давам сокче да се напие па испива 200 мл наеднаш и заспива.
Со оваа вода купена во Зегин му правам само да испие капсулче или ептен кога вришти. Не ја превривам, ми нема логика.
Чекајте, за превривање зборувате ако му се дава вода да пие? Инаку млеко кога се прави како може да не се затопли од флашираниве?
За млеко зборуваме. Се грее, ама друго е греење, а друго да врие да клокоти. На флаширана вода проблем е пластиката, а освен да не се користи, нема што да се направи друго.
Нам од болницата ни рекоа до 24 часа, да се користи водата непровриена, а од кога ке поминат 24 часа, обавезно да се преврие, и да стои во фрижидер. И ние ја користиме водата на Хип. На шишето си запишуваме дата и во колку часот сме ја отвориле, за да знаеме кога треба да се преврива
Мајки , да се допрашам. Аптамил 1 , веќе 3 седмици ми е отворена кутијата . Пишува да се фрли после 3 седмици?! Имаме дохрана од 90мл дневно. И неможам да го потрошам.
Мамички аптамил за нобороденче како го дозирате како што е таму пропишано? Две дозерки рамни со 60мл вода? Ми изгледа малку јако зато прашувам
Јас го фрлам после 3 недели тоа што нема да го потрошам. Дневно давам двапати по 90 мл и останува доста, но тоа е.