4 мес и една недела утре од 5 најверојатно ќе почниме..ми рече за порано ама не ме убеди јас мислам рано му е
Обично тие што се на ад од пет пет и нешто веќе почнуваат со пробување тоа секако иде многу споро мислам дека нема да ви е проблем
Педијатаров ми рече од 4 и пол д почнам дека му било малку млекото многу често бара и помалку крева на килажа...ама според тоа што читам тука скоро сите намалуваат со кревање на килажа на 4-5 месеци па затоа и од 5 ќе почнам
Е да првите три месеци качувсат повеќе, после се намалува. И јас не би воведувала од 4+ барем 5+ да има
Ве читам повеќето од вас ги давате Хипп и Аптамил што се доста скапи...сигурно и педијатрите би ги препорачале овие како дохрана. Ме интересира мислење за Бејби Лове од ДМ дали е добро бидејќи е ефтино доста? Сеуште ми е рано да мислам за АД се надевам дека ќе имам млеко да дојам
Мајки, вие што имате 2.5 месеци бебе и сте на АД по колку мл на оброк и колку мл вкупно на ден ви пијат малите? Моето пие аптамил и според кутијата треба 5 оброци по 120мл. На еден оброк ретко кога испил 120... Или 90 или 100 обично. А овие неколку дена мн слабо пие воопшто. Се молиме цел ден никако не сака.
Да не му се секираш и моево според кутијата сега на скоро 4 и пол месеци треба да пие по 180мл а тој ретко кога испил повеќе од 150 најчесто пие по 120..
Секое бебе приказна за себе,води се по бебето и давај му кога сака и колку,сепак се работи се уште за новороденче.Моето е 3+ и пие 180мл 5 шишиња на ден. Рачунај килажата *150 и ке видиш колку отприлика мл треба да пиете.
Моето качува на килажа по 700 гр месечно. Педијатарот вика дека е ок затоа што и да качувало многу не било ок. Вака е доста живо дете, мрда со рачиња и ножиња по цел ден, многу е весело и си полни пелени нормално. И педијатарот и јас сум задоволна како напредува ама сепак прво дете и ме секираат вака некој работи ко ќе не се како по книга
Ajde ne se zamaraj site deca ne se isti toa sto e staveno na kutijata od ad e samo sablon I nisto drugo
Моето е еден месец пие Холе и сега почна да пие по 120мл, на кутијата пишува 6 оброци ние пиеме 8 , секое бебе е различно со различни потреби некое пие повеќе некое помалку , штом напредува добро не се грижи
Мајки помош. Син ми е на АД бејби лав од дм, ама 1 ја нема нигде а за 8 дена ќе прави 6 месеци дали да почнам со 2 или да му дадам Аптамил 1 имам дома 2 кутии па кога ќе наполни 6 да почнам со 2