Да, од дм земаш? Јас почнав кравјо. Не ми ги јадеше последно кашите со ад, а за пиење нема шанса. Не дека ова го обожава ама по 90-100 мл во денот или на два дена со каша ќе пројде.
Да, од поодамна ми е. Синко месец и пол имаше нејадачка фаза. Сега почна да јаде, па за каши. Инаку ги јаде инстант кашите на хип, ама некои се без млеко. Плус за гриз, ориз.
Снемав млеко пред две недели и сега сме само на АД. Син ми е три ипол месеци и многу напреден 7200 го измерија минатата недела, 66цм. Е сега не знам колку млеко треба да пие? Јас му давам по 120 мл на 3 часа и гледам дека му е доволно. Ама се си мислам дека на кутијата од АД како што расте се намалуваше бројот на шишиња кои треба да ги испие во текот на денот. Мислам дека пишуваше 6-7 шишиња на 3 месечна возраст. Ноќе станува еднаш до два пати да пие млеко, ама врзува по 4-5 саати сон. За гладен не е гладен, ама да не го здебелам? Планирам уште од 4 месеци да му давам кашички и да проба некои овошја. АД планирам да пие се додека сака млеко. Никако не планирам да му давам тетрапак или кравјо,козјо млеко. Ама сигурно кога ќе почне со кашички и оброци ќе треба помалку млеко.. Ич не знам како ред да направам.
кај мене е од старт на ад самото дете ке ти диктира само немој на помалку од 3ч да му даваш плус како расте ке јаде цврта храна и тука се скратува оброк млеко, мојата е 10м пие насабајле и навечер по 210мл и во текот на ноќта еднаш, а тоа со килазата игра улога и колку е роден
Исто сме и ние 3ипол,7.500 и 67цм и сме само на АД ,ама пиеме 150 и пред спиење 180.и му е доволно,јас давам аптамил 1 ,на кутијата пишува 3 и 4 месец дека треба 180 да пие,ама јас гледам дека му е многу и затоа 150 му давам а пред спиење 180 ,заспива околу 8-9 и спие до 4-5 без будење.Инаку и јас планирам од 4 месеци со кашички да пробува,па автоматски кога ќе воведам оброк исврлувам шише млеко и така ке намалиме.
И кај мене од старт пие АД бидејќи имав малку млеко, сега е целосно на АД. Додека цицаше едвај 1-2 пати во денот прескокнувавме АД. Роден е 4кг и 52цм. Обично го чекам сам да си побара и некогаш се случува да заспие и да поминат 4 часа и да посака млеко, ако побара порано го шетам надвор или му давам цуцла додека да поминат тие 3 часа минимум. Ноќе не го будам и си спие подолго, кога станува му давам и потоа одма заспива. Да тоа ми е јасно. Кога ќе јаде кашичка нема одма млеко, ама колку време да помине па да му дадам? Со сите маки се наканивме на почетокот некако да прифати да цица, потоа не сакаше АД сакаше само да цица и плачеше од глад а јас немав млеко, па ајде потоа засака АД, веќе не бара да цица и фативме ред некој. Сакам и со кашички кога ќе почнеме да има некој ред и да се знае кога што се прави бидејќи е многу битно тоа. Секогаш во исто време го бањам, го заспивам, после секое пиење млеко се знае дека следува гушкање и играње. Се знае кога одиме надвор и во кое време треба да спие, па не сакам тоа да се поремети кога ќе се вметнат и кашички.
И беба моја е родена 4кг 51см на точно 10м беше 10кг на почеток качуваше исто како кај тебе потоа стагнираше еден период, од коа е родена има ред и сега кога има три оброци, како растат се повеке трошат, ако педијатар не те советува да намалуваш нека си пие млекце
Не се води по кутијата следи го детето.. Моево од 3 месеци па еве и сега на 4 и пол пие по 130мл најмногу а според кутијата треба повеќе... Ако го допива до крај и бара уште давај ако не не.. Моево врзува и по 8ч без млеко во текот на ноќта а пред спиење пие 130 ваљда му е доволно.. Некогаш е гладен и по 2ч и му давам оти пишти не чека да поминат 3ч и ништо не го занимава за да одложувам уште еден час па фала богу не сме имале проблем до сега
@Fallen.Angel еве некоја одприлика табела а количината на млеко ќе треба по бебето да се водиш, моето е 40 дена пие 120 мл и некогаш уште бара на 3 часа некогаш и повеќе
Од кој месец му го даваш тоа млеко? Ќерка ми има 3 месеци, користиме аптамил. Ми го фалат babylove , а и многу поевтино е, само се плашам да не и наштетам доколку и го сменам сега млекото...
Изгледа големиве бебиња (над 4кг) највеќе на ад се. И јас давам мајчино ама ептен малку имам, не сум имала многу очигледно ни со првото, нити сега иако форсирав. Давам козјо по ново на Holle и не го мењам без оглед што мојов е гладен увек. Некоја од вас искуство со козјово? Тазе е префрлен и ме интересираат искуства.
И ние користевме аптамил до месец ипол после се префрливме на baby love, немаше никаков проблем супер е млекото
Јас кравјо давам од холле и добро е му одговара си напредува супер и столиците редовни му се конечно..претходно на мајчино додека беше, па на хип и после аптамил по 5-6 дена не какаше..со холле таман е... А зошто даваш козјо а не кравјо? Така ти рече педијатар или ти така сакаше?