Бебе 3 месеци пие аптамил. Си пиеше убаво до пред 2 дена, за сега да намали значително. Дали е можно да се гади од млекото, иако не покажува знаци дека е гладна, не плаче, навечер си спие. Дали да пробаме со друго млеко, што е проблемот незнам, можеби некоја мама имала слично искуство...
Може забчиња да го мачат. Не ти е до млекото ако ти го прифаќал до сега. Мое мислење. Обично од нервоза не јадат кога им излагаат заби . Може и два месеци унапред да се мачат.
Рацете и се цело време во уста и се лигави, ама некако многу рано е за забчиња мислам. Ако продолжи вака и за викенд, во вторник ке се исконсултирам со педијатар.
Леле девојче имаш извини ... Не е страшно не секирај, но за мирна душа прашај педијатар... Мене поголемиот почна да ми станува нервозен и да ми се лигави од 4м, а прв заб извади во 7миот месец и тоа горна двојка. Исто одбиваше да јаде, нервозен беше, рачињата у уста му беа и сл. Прашај мајка доктор, сепак ти ја знаат малата најубаво.
Моето е 3 месеци и 1 недела и баш истото се случува и кај нас од пред два дена. Ако треба да пие околу 750мл овие два дена одвај пие 500-600 и тоа со плачење. Не е ни некој голем јадач ама ова е ептен малку за него. А нема проблем навечер си спие и знае да врзи скоро цела ноќ или да стани еднаш само за млеко. Нејадењето го препишувам на скокот кој исто му почна пред два дена па ќе видам до кога ќе продолжи вака...
За мајките на кои бебињата од 3-4 месец не им пијат млеко сакам да споделам искуство. Моето кога влезе во 3ти како да се смени за 180 степени, од бебе што пиеше по 120мл и уште бараше, тогаш едвај пиеше 70-80мл. 1 месец нервози и многу истурени полупразни шишиња, кога влезе во 4ти по препорака на педијатар почнавме со вкусови и еден оброк, моментално е 4 месеци и една недела и пие на секои 3 часа по 120мл ноќе по 2 пати станува и измеѓу еден оброк и едно сокче. Затоа мајки само смиреност во тој период и следетесиги бебињата. Ве поздравувам.
Бебе е 2 и пол месеци и пие Хипп комбиотик и плус цица. Дневно во просек пие 700мл АД но пред секое пиење и давам да цица но кратко трае тоа бидејки исцицува и после не ја слушам да голта и почнува да се трга и давсм пак упорно и влече но џабе и пак се трга. Значи повеќе е на АД. Прашањето ми е дали да почнам да и давам помалку вода или чајче? Знам ако е само на мајчино не се дава,но ние повеќе сме на АД? Исто така кога ке почне да цица или од шише кога пие цревата многу и кркорат. Кога спие многу често се буди и ги крева ножињата и се трие по лицето и додека не прдне не се смирува,дури се буди. Давам и пробиотик биогаја но исто е и со нив и без нив не гледам разлика.
Дали постои нешто како "дозерка за пренос" на АД? Да ја ставиш таму целата доза од млекото за кога ќе излезеш да имаш спремно, само да истуриш во вода? @KuklickaSk дали ти спомна нешто такво или сум тотална збунка?
Тоа се мали кутичиња кадешто ставаш млеко колку лажици ти треба и си ги носиш било каде. Има на томи типи во бебе супермаркет
@KuklickaSk @Happyinlove благословени да сте. Сега баш возам накај веро џамбо, каде точно да ги барам внатре и како се викаат/изгледа кутијата, да не случајно знаеш? Втора станица, одам во бебе.
Еве вакво. Види кај термоси што имаат дали се тука. Најдобро слики е покажи ги. Како ли се викаат појма немам. Сад а ад млеко може