Јас во млака го растварам. Ставам вода пример 30мл па прашак мешам па уште 30мл додавам вода пример ако пие 60мл Еве има членки на собна температура што си ја чуваат водата флаширана. А зовриена немора од сабајлето да е. Може и од пред тој ден
Јас давам купечка и сабајле ја топлам до некои 50-60 степени и ја чувам во термос а млеко имам измерено во сад за ад млеко и ко ќе му се јади само турам 60мл од термос па млекото мешам и дотурам дирек од шишето ладна за да не чекам да се лади после и спремно е за 1 мин
Кога почнавме со ад 4 недели беше бидејки не му одговараше млекцето почнавме со новалак какаше еднаш дневно а во меѓувреме цело време се мачеше за какање, одкако го сменив млекото почнавме со холе до сега 3-4 пати на 24ч 2+ месеци има. Инаку нормално било на ад до 4 дена мислам да не се искака
Исто и моето.Ретко ако прескокни ден, следниот ден пелената ќе е преполна. Инаку на Аптамил е и немал проблем со запек досега еве 4 месеци е
Треба да тргнам на работа, бебето ми е годинка, цица и тетрапак млеко одбива. Која од формуливе е најблиску до мајчино млеко? Знам ке кажете луда е на година воведува формула ама немам друга опција. Имам ноќни смени ке бара ноќе цице
Мене педијатар ми рече дека бебе секој ден ако не кака барем по една пелена, значи млекотп не му одговара и треба да пробам друхо..така сменивме 3 и третото се погоди сега е на холле и се случива и до 4 пати на ден да кака, ама тоа ретко најчесто по еднаш на ден, секој ден
Како преминавте од 1 на 2 Ад формула? Постепено или?? Бебка е 5 и пол месеци а од 6 мислам треба да почниме со 2 е сега незнам како треба..
На колку време се дава адаптирано млеко? Таму пишува не повеќе од 6 оброци по 90 мл на 24 часа но она ги пие 70 мл
На 3 часаа, не гледај на кутијата бебето може гладно да ти е нема сигурно да дадеш 6 шишиња а тој да сака 8
Ми рекоа постепено, прво пола-пола, но планирам прво да му дадам 1 лажичка двојка со 3 кец, па две со две, па 3 лажички двојка со 1 кец. Сакам попостепено да ги заменам.
Јас кога преминував на двојка ми рекоа одма двојка да дадам. Од холле пие моето. Прво пробав од козјото дали ќе сака и беше безуспешно и од кравјото продолживме.
Добра ти е финтата со термос, ќе пробам и јас така. Инаку јас ставам купечка вода за бебиња во шишенце, на страна полнам мало тенџере со зовриена вода од бокал, го ставам шишенцето во тенџерето, водата се замлачува, додавам формула и толку. Звучи комплицирано, ама се навикнав Првин пробав само со вода на собна температура ама приметив дека не се раствора убаво млекото, вака колку толку подобро е.
Јас преминав од одма на 2, го пробав на вкус не се разликува воопшто, од истата марка и земав baby love користиме
Аа немам време толку да чекам да се топли водата Ко ќе огладни господинот писнува и дури не му направам млекп не прњкинува вришти небаре го колам, ако чекам вака живци ќе искинам Вака со термосот спас за нецела минута е спремно млекото