Леле да се наврзам за лажливка. Првото само цицаше и уште е со лажливка во уста,а сега со второво само на ад е па нејќе лажливка никако. Значи до дете е. А брка голема работа лажливката. Не мислам дека се одбиваат од доење само дека цуцаат лажливка
Земав млеко Хумана, пошто Бебилан немаше во аптекава кај мене. Убаво го прифати млекото, а се надевам правилно му го спремив(мерица од 4.5 грама млеко во 30 мл вода Хипп). Инаку 2 дена нема какано, па можеби од ова млеко ќе му биде подобро... Денес полни една недела малиот, а се прашувам дали од втората недела има некои промени во исхраната што треба да се воведат?
Една мерица ја полнам јас и рамнам со нож тоа ти е за 30мл вода..како наголемуваш вода ќе додаваш и мерици.. Мало ти е бебето, буди го навечер на максимум 3 саати и ставај го на града за да ти дојди повеќе млеко нека цица колку што сака па ако плачи дај 30мл Ад Ама битно пред секое Ад прво на града па после Ад .
Пред да го доиш истуширај се со потопла вода полесно ќе ти се отворат каналите или ставај топли облоги. Колку што можеш да издржиш.
Кравјо млеко, било какво, се дава по 2 години. До тогаш има ад или доење, се разбира. Пробај го бејби лов од дм, најевтина опција е.
Me interesira ako ima nekoj struchen da ni objasni za nutritivniot sostav na babylove formulata, dali e polosha ili shtetna vo odnos na drugite, bidejki stvarno ne se razbiram, a do sega se shto sum kupila od babylove proizvodi se pokazhalo super
И јас давам холе од кога престанав да се измолзувам само од тоа им се среди столицата. 3.5 месеци се, близнаци. Предходно месец дена се мачев да им погодам млеко имаа многу грчеви и не се олеснуваа по 3 дена и столицата им беше темно зелена. Со холе кравјо се среди, до денес немавме проблем значи скоро 2 месеци.. денес не се олеснети и двајцата и многу ми е страв да не треба пак млеко да менувам. Редовно пијат пробиотик, чајче, вода.... уфф а вчера напраив набавка на млеко 3 имаме со стара формула и 3 млека со новата формула на Холе 1 ( со дха ) Исто сакав да прашам дали некој има искуство со новата формула на холе кравјо 1 гледам има промени во составот и ме буни дека има лактоза а на старата формула нема само шеќер си пишува...
Бебето ми е 2ипол месеци. На Ад е и плус цица. Првата недела од кога се роди пиеше хумана (по препорака од педијатар го сменивме во хип комбиотик бидејќи не и беше хранливо. Потоа го сменивме во аптамил (бидејќи мн малку качуваше на тежина). Кога пиеше аптамил имаше проблем со столицата, по 7 дена не какаше и плус пак не качуваше мн на килажа (едвај 400 гр на месец). Своеволно и го сменив пак во хип. (столицата и е на 3 дена). Но сега имаме друг проблем (не сака да го пие, едвај по 50,60 пие а треба 120 и има тврда столица како запек). Веке 2 недели како и давам хип. Сега се чудам дали да оставам така или да менам млеко и кое. Колку често може да се мени млекото? Дали нема да и го расипам желудничето? Совети ве молам?
А зошто да пие 120 ако цица веројатно доста му е 50-60 Плаче ли и бара после оброкот? Кој хип го земаш?
На вечер не цица и пак пие по малку. Hipp combiotik probiotik. На 1ипол час бара да јаде и пие по 50-60, а треба по 120 на мин 3-4 часа
Многу е тоа на 1ипол час затоа го повраќа... Колку направи? Ние истото го користиме 100мл пие на 3ипол часа нема проблем ни со какање ни ништо. @Happyinlove сличен проблем имаше со какање и она мислам хипп хипоалергеник го зема да пробаш со тоа еве ќе пише хепи искуство
Не читате упатства. Кој тоа ти кажал на 3 часа мора? На кутијата пишува дека се дава како мајчино, кога сака бебе. Останало од некогаш на 3ч и сите исто тераат и такви совети даваат. Да, идеално е така за да може да се свари млекото и да нема млеко на млеко (ова и за мајчино го кажуваат педијатрите), ама не се децата роботи.
Исто мака со непразнење има и моево,само со хипп хипоалергеното се кака. Пробај од него. Ако мислиш дека е гладно и ако ти пие вода дај му прво шишенце вода па ако ја испие е гладно. Ти направи 120 формула ако испие 50 нормално е на час и пол да бара бидејќи му е малце. Е сега тоа по наш џеп не е добро но може го мрзи да пие,или дреме... Како и да е пробај со хипп ха.
Мрзлива е дреме. Истата е и со цицањето, затоа на вечер не и давам да цица. Инаку она кака ама мм тврда столица и се мачи.. А какво е тоа ХА? Немој да направам по лошо ако го сменам толку брзо?
Хипоалергено е што се дава на деца кои се склони на алергии. Но е многу полесно за варење и не се оптеретува стомачето и затоа полесно кака. А за проблем дали може да се направи на брзо менување што знам... може и нема да направи.
Да пробаш со Новалак ИТ некое време, тоа е за средување на столица, но откако ќе се нормализира се враќаш на млекцето што го пиело бебето предходно. Бидејќи и доиш не е многу 3 дена без каки.. Инаку јаа за 7 дена сменив 4 млека и немаше проблем фала богу.