Ние го правиме ова. Термос користиме само ако сме цел ден надвор, инаку топлиме вода за секое млеко и стерилизаторот го пуштаме. Во множина зборувам бидејќи најчесто мм го прави тоа, а понекогаш јас. Еден ден немав стерилизатор кога отпатувавме и ќе скреневме со мм со тоа стерилизирање со вриење. Пиши ни како ќе поминете Ќе биде во ред.
Оди ајде едно шотче 'маани' го на екс во Совети Готово, ќе му давам од оваа кутија ако сака 3 недели, ако не ќе ја фрлам и нема веќе стерилизирање секој ден.
@Jana06 Пред некој ден зедов од грчката вода мислам дека ти ми ја препорача.Денес мм го пратив му дале друга амбалажа. Дали амбалажата е сменета или се работи за различна вода. Приметив дека на едната пишува за подготовка на храна за бебиња и доенчиња а на другата не. И две се земени од Зегин.
Да и ние се чудевме. Втората е плус и за бебиња-не треба да се преврива. Искрено не знам која е разликата вака фирмите што имаат обична и за бебиња.
И разлика е во цената оваа првата е 25ден додека втората околу 37денари.Сега се мислам дали да и давам или да си ја испиеме ние па за нејзе друга да купам.
Не знам што прават со водиве мене ми кажаа Јана бебешката од аптека и Јана од продавница се исти само кај нас наводно се продавале вака со поскапа цена. Во хрватска биле иста цена @lemon8ejt ти си во хрватска така? Точно ли е ова со јана водиве дали знаеш? Бидејќи се хрв производство
Првата вода што не е за бебиња свекрвами ја користи и ја препорачаа после операција и заради што има кг за намалување и рекоа дека од таа вода полесно се излегува по голема нужда и со тоа се спречува запек и надуеност. Искрено кај нејзе вистина беше така. Јас не ја бендисвам многу. Види дали составот е исти? Нивото на магнезиум и натриум пх вредност моментално јас немам до мене од нејзе само бебешка имам и од старт ја користам за подготовка на АД. Задоволна сум до сега никаков проблем сме немале заради вода, немам и пробано друга вода да му дадам.
Во аптека мм кога бараше од таа десно што е, му рекле дека немаат од таа за бебиња и дека во моментот ја имаат само таа лево што е на сликата и дека не е за бебе.
Благодарам Добро што прашав,а мм упорен дека можеби амбалажот е нов бидејќи во аптека зема млеко и побарал бебешка вода крити а види што му дале Е сега ние оваа ке си ја испиеме среќа што купил само две шишиња,а утре за ќере нова ќе купам.
Не знам искрено, моево на цицање е и не сум обрнала многу внимание. Знам само дека треба да има ниско ниво на натриум.
Bezrazlika na vozrasta na 3h se preporachuva. Nie koga pochnavme so ad bevme postari malku mi barashe na 2,5 h mu davav nemavme problem .
Дали на своја рака на едномесечно бебе му имате сменето ад? И ако некоја знае да ми објасни која е разликата помеѓу аптамилот и другите млека? Дали има мајки што ги носат своите малечки во Ремедика на педијатар и каква дохрана им е препорачана? Др. Марина ми потенцираше дека аптамил е најдобро млеко и во моментов на пазарот дека нема подобро. Јас и верувам, меѓутоа малиот кога се мачи да кака, а се мачи после секое пиење на млекце, ми бљуцка, некогаш повеќе, некогаш помалку, и тоа еве денес се случи по 3 часа од конзумирањето на формулата. Редовно го поткревам за да ждригне, ама тоа не помага во однос на бљуцкањето.
Пробај намали му ја количината што му ја даваш и види дали ќе ти бљуцне пак...друго ти мешаш две млека колку што приметив оваа Марина на повеќето им дава да мешаат млека што нема потреба, ти пишав и предходно дај му чисто премадур или др што го даваш не му ги мешај види дали ќе бљуцне. Јас си го сменив на своја рака одпосле ми потврди педијатар јас од хип се префрлив на бејбилов и супер го прифати по два пати полни пелена во денот