Не му тераш цело време со 150мл или не ти ја допива дозата? Јас ако дадам 120 за 2-3ч бара пак а со 150мл тера 4ч
Касно гледам ама да ти кажам моево е ма холле и од старт го прифати и си какаше редовно што не беше случај со др млека
Цело време 150 правам. Само еднаш во ден навечер знае да го испие цело. Се друго остава пп 25мл 30мл. Има час каде и знае да остави и 40мл. И само истурам.
Ја па си мислам многу да не му е ама чим си ги пие значи е добро... Па прај му само 120 ако сака уште доправај 30мл со 1 лажичка. Ако ти е полесно да не фрлаш
Мајки за бебе старо 10 дена може да се дава хипп 1, или хипп пре треба, јас давам хипп 1 и немам проблем дали да продолжам со хипп1?
Од кога го одбив од цицање сме на аптамил1 и се океј си пие нормално си кака нормално али последниве два дена околу 9h кога ќе јади ми поврака 3-4пати ај кога блуцка свакам али често ми повраќа преработено млеко како урда од што може да биди и тоа само од тој оброк, а преку ден не ми повраќа или ако заспие на шише онака кратка дремка 30мин се дешава да ми поврати исто повеќе пати
Женски, бебе старо 2 недели и тешко 5 кила по колку треба да пие ад? Само на ад сме. Јас му давам на 2 и пол -3 часа по 70мл. Многу е малку е, кажувајте? Некогаш ги пие цели и уште воздух шмука од шише а некогаш не ми допива и знае да блјуцне..
Околу 60-90 зависи од бебенцето. Јас давав колку бара толку. Сега е три месеци 7кг и нешто некогаш пие 170,некогаш 100/140 секој оброк различно 6 оброци има. Ролку мало околу 8 оброка треба да има . Обично викаат за секој килограм 150гр млеко на . Значи 150*5=75 на 24ч. Осум оброка по 90 му доаѓа одприлка. Ама сепак консултирај се со пефијатар
Ако можеш на три часа најубаво да не му се собира млеко врз млеко никогаш нема да ти јаде иста количина можеби еднаш или два пати во денот ќе јаде по 90 а другите оброци по 60 или 70 зависи само не го оставај гладно
И педијатарот истово ми го кажа. Истава оваа формула на пресметување. Јас слаба со математиката, ќе си прашувам овде како што качува на килажа.
Сум испуштила бројка.како сум пишувала 750 на 24 ч кога ќе почне да ти го допива млекото скроз и да шмука воздух време е да зголемиш доза.не ти треба никаква математика бебето само ќе ти покаже
Јас да прашам за бебе старо 25 дена на ад формула сме денес го мерев 2кг и830гр е инаку се роди малечко 2 250 по колку мл треба да му давам и на колку часа сите викаат по 60 преку ден му е ок но навечер знае и 120 да испие се плашам да не му е мн инаку гледам да јаде на 3 часа но тој едвај 2 издржува па пола час се мачиме со чајче за да издрже барем 2 ипол
Ја се водев по табела ама џабе гладен беше Сега е скоро 2 мес пие 150мл т.е. 170мл оброк што е пропишан за бебе 3 месеци а уште нема направено 2 мес Така да не го мачи дај му 150 еднаш во ден пробај и види па втор пат дај му пак 120 Ако му е вишок ќе бљуцне Само осигурај се дека ти плаче од глад. Да не се грчеви или нешто друго да не го мачи Ја приметив чајот дека ич не го држи и 80мл чај да му дадам јадењето пак точно си го бара. Инаку на 4ч му е оброк
За јадење плака од грчеви е нервозен го приметувам.. А инаку бљуцка и бара уште баш поради тоа се плашам.. А навечер е напорно направам 60 испие бара уште правам пак..
Давај си 120 сега видов убаво горе си пишала 90 даваш Чим гледаш дека е малце давај му 120. А на пример ако даваш чај измеѓу оброк тогаш следниот оброк давај го 90 Во секој случај бебе ќе ти покаже колку му треба. Многу тука имаме пишано дека бебињата ни бараат доста повеќе од табелата не си единствена
Откако е сменета формулата имаше поплаки од мајки кои ја воочиле разликата исто и мојава ја доев ама последно време почнав дохрана и ептен лошо регира нередовна столица дијареа колики значи катастрофа не е истата формула дефинитивно,пред 5 г поголеното девојче го пораснав без никаков проблем ова сега не е истото дефинитивно ...https://www.google.com/amp/s/www.ma...ws/new-aptamil-formula-baby-milk-14876072.amp
Девојки некоја што користи холле 1 кравјо и холле 2 кравјо да ми сликнете кутијата да видам состав и дозирање? Фала ви