Јас користев аптамил прематуре но само 2 недели, бебе додека наполни 3кг,така ми рекоа од ремедика потоа бевме на доење и по потреба хипп. После незнам колку време испиени 135 мл, плус и веднаш сакаше да цица. И направив 3 лажички Хипп 2 и една Хипп 1, утре 6 месеци па ќе биде само со 2ка гледам ја прифати лесно.
Дали вашите бебиња пијат толку млеко колку што треба според килажата и дали давате точно на 3 саати.Моево веке 3ти ден нешто не сака да ми пие толку,и и давам кога ке побара.Не знам дали е погрешно тоа
Јас давам некогаш и на 2 и пол некогаш и на 4 зависи колку има испиено ако едното го остави до пола наредното ќе испие повеќе како за 4 месец не за 3 . Некогаш му се јаде помалце некогаш повеќе запишувај два три дена кога јадел и колку јадел и ќе си пресметаш бо рок од 24ч колку има јадено. Јас гледам да има размак 2и пол до 3 часа зошто ако му дадам порано после кенка од што му е тешко па ќе го пролонгира другото јадење за доста време
Моето имаше период многу малку пиеше кога беше во скок сега отприлика пие можеби некогаш 100-200 мл помалку од тоа што треба. Но секое е различно. Некое јаде повеќе од препорачаното за возраста некое помалку. На една другарка керкичката никогаш не испи повеќе од 120 мл до година и нешто , а за временскиот интервал пие или 2:45 мин или покасно порано од тоа не е ни побарал. Ако спие денски а дошло темин за млеко не го будам му давам кога кќќе де разбуди па следното млекце може 15 мин порано, за да се изедначи навечер стално пие во исто време пред спиење. Но никогаш не спие повеќе од 30 мин после предвидениот оброк се буди од глад претпосавувам
Ве читам дека од 1 на 2 ги префрлате постепено, конкретно @babyboy1 и @0ли , јас денес прв пат му дадов 2ка по препорака на педијатар да не му мешам исто и во апотека ми рекоја да не му мешам. Дали може да има проблеми со варење дека дирекно од 1 на 2ка префрлив?
Не би требало. Проблеми со варење може да има и ако се меша и ако не се меша. Следи го како реагира, дали кака, каква е каката, дали има грчеви и сл.
Ние сме на хумана 1 1м и 4 дена ѓу давам по 90 мл но едвај издржува 2ипол часа во меѓувреме чајче кака 1шка до 2пати на ден има грчеви но не мн сега се плашам бидејќи ми бара повеќе од 90мл му дадов колку што бараше ама ми поврати мноогу од тогаш гледам дс бидат точно 90 и на 2ипол до 3 часа но цело време бара ве молам за помош дали е малку за бебе од 1месец мн ми е страв да не е гладен
Zavisi od kilazata na deteto,moeto e tocno 40 dena I e 5kg tesko I pie po 120 do 150ml, na Tri do cetiri casa. Rakovodi Se po kilazata ne po vozrasta,a najmnogu rakovodi Se po potrebite na deteto,ako saka poveke daj mu
Штом повраќа, многу му е. Можеби плаче од грчевите, плаче за близина, можеби му е топло, не мора да значи дека е гладно ако плаче и дека бара јадење. Му даваш нешто за грчеви?
Мајка малце е за 2мес 90ка Па моево е 2м пиеме 170мл ма 4-5 саати кога како бара Што дека бљуцка нека не те плаши тоа вишокот ќњ го бљуцне. Ај пробај не давај чај туку напрај бар 120мл готов оброк и дај му
И ние користиме Хумана1 ама се случува како што викаш ти некогаш на 2 саати и 45 минути да бара јас само еднаш во ден давам поголема количина и тоа пред спиење ние сме 2+++и пие 130мл готов оброк како што е по кутијата али може да ти повраќа од чајот тоа не досварено и после млеко му даваш. Ако е во млазови тогаш не треба така рразговарај со педијатар
Едно време има проблем со снабдувањето не знам сега како е . Инаку бебелан алимента го далат доста. Не сме користеле па незнам од лично искуство. Ама се мислев да го почнам кога менев но бидејки дознав дека имаат проблем со снабдување не ни почнав зошто може нема да го најдам пак па ќе треба пак да менувам.
Ние користиме од раѓање , презадоволна сум , ни грчеви имавме , ни проблеми со какање , бебе си напредува одлично , но еве уште нема стигнато бебелан 1 по аптеките и ке морам да сменам ...