Секогаш го клацкам и се прави пена. Низ минијатурното дупче од цуцлата за 0+ некако не ми се верува дека балончиња поминуваат кога шмука. Плус веднаш не го давам, додека чекам да се излади, го мучкам шишето во круг и ги снемува балончињата. Во упатството пишува енергично да се мучка за да се раствори убаво правот.
И вие го давате ладно? Јас додека да го спремам да ставам капки да отстојат пола час, на крај доага ладно да му го дадам Да не грешам?
Јас го одржував на околу 36 степени кога ставав капки, ладно не сум давала. Сакав да купам електрично такво за одржување температура, но ајде сега, ајде утре и не зедов.
Погрешно се изразив погоре, мм го припремаше тогаш млекото со капки. Ќе загрееше вода за млеко на 41-42 степени, па на 40 степени ставаше млеко, па капки на температура меѓу 37 и 40 степени. Шишето со млеко потоа стоеше половина час во стаклен сад со топла вода и бидејќи се лади водата, ја менуваше за да се одржува на 36-37. Ова го правеше секој ден и за секој оброк откако се роди и малиот немаше мака со грчеви. За сево ова многу ни заврши работа бесконтактниот термометар. Изгледа сево ова како маткање, многу полесно ќе беше ако имав затоплувач за шишиња, но еве вака се снаоѓавме.
Еве едно искуство и воедно мислење да споделам 2м сме Од почетокот сме на доење плус адаптирано млеко на Хумана но не напредуваше добро од 2м се префрливме на Новалак ИТ формула за запек зш на 4-5дена имаше столица, после овс млеко почна редовна секој ден столица, но пак има зсстој во килажава Е сега по препорака на педијатар Да го земам Бебелан според искуства се покажало добро зс столоца напредок и сл. Ваше мислење искуства Секое добро
Ако има столица редовна зошто би му го менувала млекото? Не може од две млека да не крева на тежина.Смени го со Новалак обичното
Не ми крева на тежина и со Новалак Ит а почна со редовна столица И сега треба да пробам или Новалак обично или Бебелан по сугестија на педијатаров. Па по недела да се мериме.
До сега давав бебелан ама педијатарот ми рече да го мењам се мислам кое,дали хип или новалак.Ми рече од аптамилот се правело запе Моето качува килажа од бебелан.И има редовна столица до сега,2 месеци сме скоро,од почеток добро го профати.Инаку малку скапичко млеко е
Дечки па пена треба да прај На хип ставам 150мл мучкам добивам 170 готов оброк како што е по кутија Да не тагнувам кој пиша за лажичка мешање погрешно е ќе му напрајте проблем на бебето како што пишува во упатствк така. Иначе гледам да е топло подобро заспива така него со ладно кога било
Сабајлево и дадов бејбилове 2 млеко 90 мл ги испи без проблем. Колку што прочитав не содржи пробиотик па ме мачи дали редовно ќе кака. Јас давам пробиотик биогаја
А цуцла 3+ или 0+ за бебе од 2+? Со 0+ пие по пола саат и повеќе, често се изморува и се откаже на пола. Инаку повеќе од 90 мл не пие по оброк.
Опстипација може да има само ако не одговара млекцето. Моето е 4+ и пие со 2ка на авент таа е 1+ со поголеми сезасркнува. Пробај со поголем проток ако не се засркнува и не му трче од устето млеко му одговара, додека не пробаш неможеш да знаеш
Моето е 7 и пол месеци и уште пие од цуцла 0+. Така си е научен и си тера. Сега зедов 3+, па ќе видам како ќе пие од неа.