Користиме новалак алернова меѓутоа рефлуксот не престанува. Пред тоа користевме Хип АнтиРефлукс и беше супер но поради алергија на кравји протеин баравме друга алтернатива која што содржи и антиалергено млеко и антирефлукс- новалак алернова. Конечно - дали некој го имал истиот проблем и би можел да ми препорача друго млеко? Ако некој користи козјо, ме интересира дали е густо бидејќи мислам дека густината го намалува рефлуксот. Инаку бебето е 3ипол месеци. Фала
Од аптамил ми се прави пена, а аптамил комфорт нема, иако ги приготвувам на ист начин. Првото дете ми немаше никаков проблем со запек со аптамилот, сега бебе кака на 4 дена, па ќе пробаме со комфорт.
Mu pominaa na moeto grcevite, ama mu pomognaa samo koliprev, infakalm ne smekoristele ama mislam simetikon se i tie ili gresam?
Ајде да видам A поради која причина да го мениш Бебелан. Исто и мене не ми го препорача Аптамил со истата констатација дека се прави запек. Исто од искуство од мајки мн добро се покажал Бебеланов а има разлика во Цена 150 ден е поскап од Новалак Еве почнав со Бебелан па да видам како ќе се покажи на контрола
Истиот проблем го имам и јас 2м сме и пиеше со 3м цуцла од почеток 1 час се мачи бавно влечи се заморува и се одкажува на 60 80мл.И му ја променив на 6+ мислам дека се преродивме и двајцата не се мачи го пие цело шише, само пази да не се засркнува.
Јас ставам во последните три млекца 0,7 (имаат пипета внатре) се мучкаат пред употреба. Може и директно во уста после оброк.
Мајки , земав ад на хипп за грчеви. како го приготвувате? Треба топло да биде? водата ме мачи со степените
И ние го пиеме истото, вријам јана вода, ставам да се олади малце, за да не биде врела па ставам дозерки од млекото и капки затварам шише и чекам пола саат да помине да му дадам да пие, зашо користам колиеф капки и прилично е оладено млекцето ама го пие без проблем
Сменив и млеко и пак не ми пие.Пред некој ден ја носевме на мерење не напредува како што треба.Некој да сподели доколку имал ваков проблем,стварно веќе не знам што може да и е. И дали хип комбиотик не треба да прави воопшто пена
Јас користам хип комбиотик,не прави пена.Не е ни пречорачливо да има пена бидејќи со пената има и меурчиња кои не се добри за грчевите. За пиењето,пробај да и даваш во препорачаните интервали,на 3 часа,не порано. Така ќе знаеш дека е гладно и повеќе ќе пие. И повеќе ефект има вака отколку на саат и половина да и даваш, уште не преработен едниот оброк друг да се дава,јас сум против кога ќе кажат дека давале кога сакаат и колку сакаат ад.Тоа не е мајчино млеко и не се преработува исто во желидничето од бебето.
Здраво мајки, бебчо мој е за 3 дена точно 2 месеци. Почнавме со доење но во последно време тешко ни оди, немам доволно млеко. Почнав со ад аптамил ама незнам по колку да му давам. Секогаш му правам 120мл, некогаш ги пие некогаш 70-80 макс 90 пие. Кога беше само на мајчино какаше по 3-4 пати на ден, од кога е на ад еднаш дневно и тоа доста густо. Исто така штом почнав да давам ад имаше мнооогу грчеви, дали не му е погодено ад да го сменам или да видам да почекам и денес како ќе е? Можеби треба време да го навикне...