И авент натурал имаат само до 6+. Јас така се зафркнав.. Сега нови шишиња ќе треба друг бренд, или авент класик ќе се распрашам дали има за поголеми бебиња. Edit: авент класик се 0-12 месеци. Натурал се до 6. Јас за да не купувам нови шишиња бидејќи прилично скапи се, само стаклени купував, собрав 9 шишиња едвај најдов низ аптекиве. Купив авент чашка со клунче, горниот дел одговара на авент натурал шишињата, па ќе пробам дали ќе пие полесно од неа. Еве ви слика.
Здраво мајки. Би сакала да ве прашам за бебе од 6 месеци, до сега на Хип млеко и доење само ноќе, дали некоја имала искуство да не сака повеќе да го пие тоа млеко? Плус не сака повеќе ни да цица. 3 дена нема воопшто цицано. Се мислам да му го сменам, да видам дали од друго би пиело повеќе. Во последно време многу остава од оброкот, од 150 мл му се случува да остави 70, 90мл, а пие на 4 и пол часа. Ноќе пред спиење пие 180мл, цело. Пиеше уште еднаш кога ќе се разбуди уште 180 ама минатава ноќ ни тогасш не го испи цело.Мислам дека не е скок во развој бидејќи го поминавме со неспиење и тешко заспивање, сега со тоа се стабилизира ама не сака мн млеко. Инаку има 2 пати оброк по 125г од прилика. Ве молам предлог млеко кое би било добро да се проба или некоја од искуство да каже како да го поминеме периодов ако сепак е скок.
Мајки од СКопје, што ви се бебушките на АПтамил 1, дали би сакала некоја да ја поделиме кутијата од 800гр? Моето бебе прима мајчино млеко, во поголем број од оброците но, за 2-3 ми фали млеко... Утринава купив Аптамил 1, ја немам уште отворено, но знам дека нема шанси да ја испиеме за 3 недели, па доколку има мајка којашто би сакала да го поделиме, нека ми пише.
@SecretName1 мојата беше на комбиотик и намолзено и некаде околу 5 и пол месеци почна да плачи и да одбива да го пие адаптираното. И тогаш сменав на холле па без проблем го пиеше. Еве сега сме 10 месеци и сме само на холле двојка бидејќи веќе не се молзам.
Дали е возможно адаптираното млеко да не го заситува доволно, си пие по 90 100мл скоро два месеци сме но по саат ипол веќе пак почнува да бара да јаде и да плаче. Му се случило ли ова на некој, не е еднас туку се случува после секое пиење на млеко
Не сака да пие повеќе од тоа, му даваме колку што сака и најчесто е до 100мл, и по саат ипол како да не јадел со саати
Тој период и моето бараше на 2 саати да јаде. Иако се препорачува не порано од 3 часа јас му давав кога ќе посака. Тоа траеше само три дена, со тоа што тој период врзуваше навечер по 6,5 часа. Сега е 2 ипол месеци и како саат е на три часа јаде.
Ова се случува веќе 3 недели, и навечер не сврзал повеќе од 2 саати, може ќе треба да го сменам млекото
До сега сменив 4 млека. Ако се сомневаш во млекото смени го. Со секое менување кај моето само подобро му стануваше.
Некои викаат од три дена до две недели. Ние одма ја приметивме разликата, со второто млеко му се среди столицата и грчевите, значи по неколку саати, со третото му се појавија грчеви, после 5от оброк се вратив на второто млеко. Сега по препорака на педијатар сме на четврто млеко, со него му се средија млазовите.
@elena.93 Да не има грчеви? Дали се витка, крева ноџиња и плаче? Да не го будат грчеви после секое млеко, а не глад?
Има грчеви од време на време а не ни спие премногу посебно преку ден а дури и кога не спие откако ќе пројде времето почнува да плаче и не се смирува додека не му дадеме млеко
Мислам дека се грчеви и моето понекогаш сака да пие многу. Тука патронажната вака ме научи. Кога ќе се напие бебе ќе го подригнеш и откако ќе подригне пак ќе му понудиш да јаде, ако не сака значи е сито, ако сака нека пие додека се засити и после пак подригни го, па ако плаче пак значи не е за млеко, после мора 3 сати пауза. Ама и моето има периоди на два сати си бара поради грчевите мислам сакаат да гризат. Пробај со лажливка? Јас му давам млеко кога ќе побара не гледам на сат.
Му давам и лажливка и исто правам како тене ама дете по брзо време пак бара а сито било... ќе видиме нешто ќе мора да се смени.. а што е уствари проблемот ако се даде порано да јаде?До што може да дојде?