Сменив и јас со Аптамил и засега е супер. Си пие најнормално како претходно. Ваљда му здосадило. А и друго што приметив, не бљуцка од Аптамилов, а од Хип знаеше да бљуцне неколку пати после млекцето.
Па тие тоа го гледаат медицински, може запек и може стомачето да го боли, друго ништо мислам. Какви млеко користиш? Нема шанси да не заситува..
Да да цело време така бара откако е на адаптирано, така пиеше и мајчино на почетокот и откако сменивме изгледа му остана навика
Има ли некоја мајка чие бебенце е било само на доење 2-3 месеца па да давала потоа дохрана? Прашувам бидејќи ние сме само на доење два месеца и две недели е бебче,сакам и АД да давам но никако не фаќа ни шише ни млеко ни цуцла.Мислам немам млекце доволно,морам да воведам и АД,но никако да прифати
Како напредува само со цицање? По што заклучи дека немаш млеко доволно? Дали цица кога и да побара или на саат?
Мајки по колку ви качуваат бебињата неделно? Мене некако страв ме фаќа моето за две недели 800 гр има качено, некако ми е многу Пие аптамил по 120мл 6 оброка во денот и сме 2++ мислам дека во трети месец ќе си ја дуплира родилната тежина а не во 6ти како што треба
Н Не давам под саат,будна не цице многу,се тегне,само кога се буди во полусон цица и голта кога се опушта млекото,на почетокот не.Градите ми се ептен меки,не ми се полнат.Не сме биле на мерење,требаше оваа недела но да не ја разносувам по болници ептен е ладно и дома ја мерев,две недели стагнира со килажа
Тоа што се меки не е затоа што немаш млеко, туку се средила лактацијата. Можеби е во скок ако не цица периодов многу, ти продолжи да нудиш и ако не бара ако мислиш дека малку цица. Домашната вага не е баш реален показател бидејќи не покажува ако качило 50, 60, 90 гр. Повеќето покажуваат 100, 200, 300 итн. Не потпирај се на домашна вага, ќе видиш кога ќе одиш на контрола. Дотогаш почекај и нуди цице почесто, штом не бара често самата.
Понудувам,ама не фаќа.Ќе ја ставам почесто,на два саата фаќа,понекогаш и порано.После подој некогаш е кенкава,ако е недоспиена или ја заболува меше,јас одма ја ставам пак на цице мислејќи дека не се доцицува.Ако фати повеќе си игра и смукне неколку пати. Незнам шо да мислам.
Пресметај си според термин која недела е, во 12-та, во 15-та недела итн. има скокови, па можеби затоа така се однесува. Читни ја и темата Скокови во развој, баш пишуваа мајки како им реагираат бебињата што цицаат. Продолжи да нудиш до контролата, па ќе се консултираш со педијатарот.