Мајки хелп ние сме на мајчино млеко и плус дохрана кога се роди беше 3310 на испис од болница 3140 прва контрола на педијатар 3360 после 3780 и почнав да се загрижувам на своја рака дадов дохрана и нареден пат на педијатар кажав за дохрана ми рече да тераме така и беше 4025 сега дома ја мерам со пеленка 4.5 4.4 зависи но некад се дешава да не Кака или како на сила да пие дохрана еве заспа во 12 се уште спие нема шанса да стане да јаде а во сабота прави 2месеци инаку хипп со пробиотик користиме сум пробала на сила да и давам да јаде знае да го поврати
Треба од 600гр да качуваат па нагоре месечно и навечер ако спие буди ја и давај и да цица и секогаш прво нека цица па после дохрана.
Пробувам да цица ноќе некад сака некад не ама гледам потешка некако ми стана вторник сме на контрола па ќе споделам што кажале
Мајки тие што давате по 150м како ги распоредувате оброците преку ден? Пишува дека треба да има 5 оброка незнам дали ќе издржиме на 5 саати да давам
Машала добар апетит има, давај ко ќе побара да не е порано од 3 сати. Ма да јас давам некогаш на 2 и пол сати ко ќе бара. Еве навечер сега првата дремка на 4-5 сати бара и некако малку ми се гледа..
2+++ е бебко, на кутијата на аптамил според килажа треба да му качам оброк некако многу ки се гледа 150мл на 5 часа
Јас не давам млеко под 3ипол часа колку и да звучи грубо Пусти страв да не му се рашири желудчето. Навечер првата дремка ни е 5ипол часа некад 6 На 3 или помалку никад не сум дала и сеа ми е страв со 5 оброка дневно дали ќе издржи
Јас му давав на 4 часа по 150мл, ама сега е поголем и не издржува 4 часа па на 3 му давам. Ете моето обожава да јаде, кога ќе го види шишето пресреќен е.
Не гледајте кутиите гледајте си по бебенцето и најбитно давајте по неговите потреби но внесот да не е повеќе од 1л на 24ч.
Моето е исто толкаво, од вчера накачив на 150мл, само еднаш ми побара на 3,5h, иначе на 4h му давам. До 5h нема шанси да го држам, а ниту сакам, 4h е таман, не надминува 1 литар во денот. Едит: И на кутијата на Hipp истото е наведено 150мл на 5h, ама како што пиша членката погоре се водам и јас по неговите потреби.
Сакам да прашам до кога дававте ад??.Моето е 21 м давам сеуште ад џуниор 2 пати на ден сабајле и навечер.
Исто и мојот демек малечок ама кога ќе го види шишето испушта звуци од радост И 150 на 3часа му даваш? Не е многу?
Пие 6 шишиња во ден значи 900мл, претежно гледам да му дадам он кога ќе сака ама да не е порано од 3 часа, некогаш бара на 3ипол часа, некогаш ги издржува 4 зависи од него.