Јас го користам на Нип од Локо кроко за 6 шишиња плус додатоци а и може да се користи за готвење на пареа и загревање на теглички, ги стерелизира за 9 мин автоматски се исклучува, околу 4000 ден го земав
Ние користиме аптамил комфорт и еве веќе месец ипол супер е, кака еднаш дневно ама обилно некад и двапати, бебе ми е најадено, помага и за гасови, пробајте мислам дека ќе ви биде добро
Едно прашање и тука , на комбинирано сме доење плус ад , од кога и го сменив млекото ни се среди какањето и гасови нема ич , само што почна да спие цела ноќ од 11 вечер спие до сабајле до 7 без да бара млекце , педијатарот рече да не ја будам и правам по 120 мл ама пред млеко може и неколку пати да цица , пред 3 саати некогаш и 4 саати , не бара млеко некогаш и не го пие цело и повеќе од 6 оброци нема во во 24 часа , мене некако малку ми е незнам дали да тргнам подој да влкучам само ад , ама ми е страв да не го изгубам млекото скроз , килажа е супер
Вееувам се сте пробале...не знам дали би прифатила во сон да пие...моето навечер пред спиење така го пие млекото, дење е повеќе гњавење
Ние корисриме аптамил и не прави запек, има по неколку столици дневно. Веројатно зависи и од детето, а давам и пробиотик.
Некогаш пие 120 мл, некогаш и по 90 само испива па го фрлам , вчера пред спиење и направив 150 дури 90 мл остави и си заспа до 6 и 30 спиеше , 2 +++ , нема уште 3 месеци ама веќе две недели и давам 120 , претходно по 90 и 60 пиеше , а кога цица цица додека да ги испразни двете гради ... па и многу да не и е одма после цицање и ја давам дохраната , некогаш и само со цицање заспива преку ден ама се буди многу брзо после 15 мин ....
Ако даваш одма после цицање може доволно да и е толку колку што испива некогаш повеќе некогаш помалку. Не грижи се, ако напредува добро и си спие мирно не е гладна. А кога се буди бара ли млеко преку ден зборувам?
После ад не се буди не бара повеке , ако не го испие наеднаш некогаш ќе бљуцне па после 15 мин ќе го допие остатокот некогаш го фрлам ....
Да да станува и плаче , јас секако млеко немам доволно со многу низок пролактин сум ама некако одржаваме лактација , туку дилемата ми беше за ад да не претерам или да не и е малку зашто оброци како оброци ги намали ептен евве денес само 3 пати пиеше млеко од сабајле , сега заспа само со цицање и евентуално уште еднаш ќе и спремам ад и толку ќе биде за денес .... или ја не правам како што треба или до бебето е
Ако напредува добро терајте како што си сака таа. Гладна нема да трпи да седи не грижи се ќе си бара. Штом е мирна счие најадена е. Кога бара уште давај и тоа е. Се ќе биде добро. А ако не напредува добро ќе мораш да даваш повеќе ад.
Сега следна недела ќе ја мерам пак па ќе видиме како напредувала од пред три недели ..... фала на поддршката јас со адаптираново не сум запознаена воопшто и малку ми е шпанско село ...
Не грижи се ке си покаже всгата. Ако не напредува добро повеќе ќе даваш и така најкомплицирано е доење плус ад...
Здраво, ве следам на форумов, но прв пат пишувам. Бебуш има 5 недели и е само на ад. И давам на 3 часа по 90 мл. Не сум сигурна дали е доволно, некад плаче за јадење на 2 часа , а преку ноќ не можам да ја разбудам на 3 часа. Инаку сега има некаде 3600 гр. Користам аптамил комфорт. Искуства?
Дај 120 ако ги испие значи малку е 90 а као е многу ќе го остави нема да пие. Анавечер колку спие спие кога ќе огладни ќе се разбуди секако ако напредува добро.