Пробав со 105 не може да допие, а 90 на два часа мислам дека е многу, а со 75 не е најадена. Никако не е
Давај на 2 часа кога ќе побара. Јас само ја гледав максимланата количина да не ја надмине а тоа е околу 1л . Што нема шанси да ја надмине твоето бебе.
Исти случај само ние сме на хип комбиотик...пробав да правам повеќе не сака, вака некогаш бара на 2 и пол часа, а последниве два три дена тера и по 3...јас давам кога ќе побара,еднаш во денот пиеме и мајчино од него многу побрзо огладнува...
Преку ноќ пие мирно, полузаспана по 90 мл, преку ден по 60мл на 2 и пол саати. Ама... Штом и се доближи цуцлата в уста вриштење како жар на јазик да и ставаш. Многу се нервирам немам живци више. Дали има нешто во уста не знам, бев на педијатар ми рече сѐ е ок. Или врзан јазик... Ама ете не сум јас доктор.. Зар јас сама да се дијагностицирам? Пукнав
Не педијатар да се разбараш некоја добра патронажна што може да дојде да види и да работи со тебе неколку дена колку што е потребно. Или некој постручен од педијатар специјалиста ( само не знам дали имаме во државава такви еве ако знае некој за таков нека каже)...ама до тогаш барај совети од нив тие се виделе и повеќе ќе знае од педијатар во такви случаеви. Вреди да пробаш...
и ние сме 5 недели и користиме аптамил комфорт. Преку ден и давам по 90мл некогаш пие се некогаш пие по 60мл исто на 3 часа,а навечер (после 23 часот) не ја будам на 3 ја оставам кога ке се разбуди тогаш и давам по 100мл(од 23 часот до 7 сабајле има 2 оброка) и до сега има качено 1200гр.
Мене педијатар ми кажа дека аптамил комфорт освен што е поредок од обичниот аптамил и дека е за грчеви и за запек
@0ли кога планираш да преминиш на 3-ка доколку и понатаму даваш Ад?? И прашање за мајките кои даваат холле.. 3-ката е од 10 месеци или после година?
Ќе давам ад, планирам да продолжам со Аптамил, добар му е и не го менувам. Мислам дека од 1 година е тројката, но ќе се консултирам со педијатар на следната контрола од кога да почне.
Да ама лажичката на baby love е скоро 5мм помала од другите лажички за дозирање .... така да користиш помалку прашок за иста количина вода