Каква разлика воочуваш? Од комбиотикот имавме мн гасови, сега користам аптамил скоро исто...Се ми оди памет на нетолеранција на лактоза, ама сега допрва на 5 и пол месеци да се јави, а какаше со комб еднаш дневно уредна боја, слабо и ми напредува последниве 2 мес, на почеток по кило, 4ти мес 650гр,5ти 350гр, а девојкава изхледа супер, дали оти покуса па има копанчиња. Е почнавме убаво да јадеме кашички ама со млекото продолжува штрајк, само заспана пие макс дневно 650 до 700мл, компензирам ставам во кашички, а гледам почнува да сака и втор оброк, ке порасне со каши мојава, морам неможам да ја оставаж гладна. Што е тоа е, израсната сум и јас без млеко, се помирив, доста беа 2 мес нервози
Да ти кажам се на се многу помирно бебе...обично навечер го фаќаа грчеви,со саати преташе со ноџињата,пискаше,ништо живо не го смируваше...3 дена е на комфорт и има проблем еднаш во денот ама ништо како порано...сите можни капки и сирупи претходно ги пробав,резултати многу мали...со комфортов ми се смири ама сега ми е криво што му дадов, го нема никаде низ мк и сега пак морам да менувам
Здраво мамички бебушка е 5 месеци,и е на Аптамил прематуре,од раѓање до сега но таа е до 6месеци.Почнавме со домашни кашички морков,јаболко....Дали да продолжам до Аптамил 1,или да земам Хип пробиотик или органик,незнам,само да не му ја расипам столицата,бидејки е одлична по 3пати на ден,што мислете вие?
Мајки, во што го чувате млекото(прашокот) од како ќе го отворите? Прашувам за тоа што е во ќеса, не лименка.
Во кесата колку што знам тррба во оригиналното пакување да стои а ја затварам со штипка и си стои кесата во кутијата
Па и јас се мислам за во тегла, стаклена нели, што се затвора добро. Пошто ќесата не е нешто посебно.
Јас сега давам аптамил и си е во кутија ама пред тоа кога користев хипп ја истурав во лименка од друго млеко за грчеви што пробав еднаш, ја испразнив измив и таму префрлив.
@MinnaAnne изгледа те излажав @Brpbrp во друга тема пиша од 6 полни е 2ка она веќе го користи. Грешка сум била
Во оригиналното пакување и во кутијата го чував кога користев Хип, ќесето со штипка затворено. И јас колку што знам не треба да се претура.
Мајки тие што сте во 4ти скок или сте го поминале, како беше ноќе? Читам дека се буделе на 2 часа за цицање што правевте во такво случаеви? Ние за една недела ќе влеземе ама цело време размислувам што како... некако страв ме фаќа
Од babylove pre задоволна, му се среди зелената столица и немаше грчеви. Од babylove 1 многу грчеви и го сменивме млекото.
Сега сме во 4 скок, освен за јадење, навечер станува и за гушкање. Со јадење е исто (на ад е моето), но на 1,5-2 часа сака гушкање и да си заспие во раце. Мене ми е баш слатко тоа.