Врска немам да ти кажам право, сè со бесконтактниот проверувам и не ни мислам на времето. Од топлење вода до давање да пие од прилика околу 5 мин, но тоа кога го ставам шишето каде што е поладно за да се олади до 36-37. Многу брзо се загрева водата со електричново ѓезве, но контролирам со термометар бидејќи за секунда станува жешка.
Мене па не ми се матка да му ја мислам дали да ставам ладна вода за да излади, па дали доволно е изладена и сл. Термометар ми е чиста работа, одма мери и за секунда дава која температура е. Всушност навика е, кому со што му се матка Јас сум цепидлака и сакам да е измерено и според упатство.
Ама не ја зовираш водата? Јас како што знам треба да е зовриена скроз па да се излади до толку степени колку што пишува.
Не сака, ти кажувам млазови повраќа ако е млекото топло...не е ладно бе, онака, исто како вода кога пиеш стоена во шише во кујна...или е навика или генетика, бидејќи јас на сред зима пијам пијачка со мраз
Ако се користи флаширана не се зоврива, јас на Роса користам и никогаш не сум зовривала освен ако одам негде. Бидејќи имам микро дома ставам на минута тоа е вруќа веќе ставам млеко мучкам и под вода ладна или во ѓезве со ладна вода го ставам и брзо се лади нема ни 5минути.
Среќа и маж е таков, па немаме проблеми со неразбирање Ние според упатство се водиме, пишува на шишето и затоа немаме дилеми Тоа шише што е отворено повеќе од 24 часа, за каши се користи.
@0ли може да го видам термометарот? Ќе почнам и јас правилно да правам, ма да до две шишиња му давам ад за 24 сата се друго е мајчино. Ќезве на струја не знам дали има тука треба да видам кај турските продавници.
Овој го имам јас И јас не му правев многу ад, повеќе цицаше. Но сега од 9 и пол месеци веќе не цица и трипати правам ад. Не мора да се замараш ако ти е вака океј како досега, не знам што да кажам.
Јас имам грејач на шишиња на нук, нон стоп е уклучен и постојано во него има шише со вода. Млекото е готово за неполна минута.
Еурофарм. Од практичните работи што го олеснуваат животот, за ова ми е ептен криво шо не купив. Уште додека бев бремена, зборував да купам, кога се породив исто му го отапев на мм, како поминуваше време си велев е кај сега да земам штом не купив од почеток. И ден денес ми е криво што не зедов.
Многу е практично, јас смотана првиот месец кога највеќе се будеше го уклучивав во сред ноќ и чекав постпартум сега ми стои уклучен 24/7 и имам 2 шишиња од кои пие, нонстоп едно има внатре спремна топла водс.. млеко готово за 1мин дали и толку
А како функционира. Т.е. водата е на 37.5 степени погодна за пиење? Дека викате ад го растварате на 45 степени. Ја така правев на почеотк ама ладењето шише ми одземаше многу време и кога останав сама немав како да држам бебе и ладам шише...а унапред точно не можам да го правам сега секогач различно пие некогаш на 2ипол саати некогаш па 4 саати размак
Електрично ѓезве/бокал е спас за брзо загревање вода, пробај. Ако ти треба ладење, под чешма брзо се лади.