Како може педијатар да не ти дава да зголемиш доза, па моето да пиеше 90мл на скоро три месеци ќе гребеше по ѕидови. На три месеци ми пие 150мл - 6 оброка на ден распоредени на точно 4 часа, така си бара. Ако бара на 3,5h ќе му дадам, гладно и нервозно не го оставам. Гледај да не е над 1 литар млеко на ден, а распореди како бара бебето. Зголеми доза слободно. Се замарав и јас вака како тебе, сега си следам бебе, сите мирни дома.
Моето на 30ти ќе прави три месеци и си пие и мајчино и ад по 120мл. Кога пие мајчино на два сати ми бара и му давам. Не знам дали е точно, со ад ако е бара на 2 и пол сати и после тоа му давам мајчино пошто за еден оброк ако немам мајчино за следниот имам.
Вака како тебе ми беше 2 месеци на комбинирано, никако не можев ред да направам, со ад знаеш колку испил и кога отприлика ќе е гладен. Супер чим имаш мајчино, терај.
Навечер само два пати ми се буди едвај 100мл ги пие, зависи понекогаш ад понекогаш мајчино. Никогаш не сум мерела секогаш давам кога ми бара, ај не дај му зградата во воздух ќе ја крене. Моето никогаш нема издржано 4 часа.
И јас им се чудам, мојов ги дели оброците, не се водам по кутијата бебелан, нема шанси да издржи 6 пати по 150,некогаш пие 90,60,100,120,ама на два и пол саати.
Јас сите што ги знам во реален живот пијат на 2 на 2 и пол сати и сите викаат не се водиме како викаат докторите на 4 сати е премногу греота е да го оставиш да плаче. Јас па ниту сум му мерила во литри колку пие. Моево на 2 сати од мајчино и 2 и пол сати на ад ко ќе е.
Еве јас генерално немам дадено пред 3ипол часа дури накај 4 му давам, проблемот е што сеа не ми ни пие на 3ипол пие пола млеко и ми го остава. Вторпат менувам шишиња, цуцли.... од хипп, новалак па сеа сме на аптамил комфорт, незнам дали пак треба да сменам храна со оваа сме веќе 2 месеца. Ми треба мислење?
Мене никогаш не ми барало на 2 2 ипол саати. Секогаш 4 саати размак. Сега денски на 3 часа некогаш 4 некогаш 5 и врзува 9часа сон. Зголеми количина ако гледш на 2саати дека бара. Што тоа дури испило пак му даваш нели веќе 3м направи?
Моето повеќе од 4 часа не е издржало без млеко денски, и тоа траеше кратко му беше период кога не сакаше да јаде. инаку на почетокот пиеше 2-2.5 часа а потоа на 3 и стандард 3часа . А ноче почна прво 4.5.6 сегс ккога како некогаш 8 некогаш 9 некогаш и 10 часа издржува ама секоја вечер е различно.
Ма јас пробав со 150мл, не сака се трга, а некогаш ги пие 150мл не знае човек колку да прави. Кога се молзам гледам да има 150мл. Тоа само се трга со сила нема шанси да му дадам. Јас го чекам тоа да ми каже колку сака. На мајчино викам бара на 2 сати, на ад бара на 2 и пол. Да на 30ти правиме 3 месеци. Преку ноќ сврзува по 5 часа, така да ок е.
Мислам @Milkiway и @Brpbrp имавте пишувано дека им имате давано пред спиење поголем оброк. Имам неколку дилеми околу тоа: - ги држи ли тој за подолго да спијат? - со оглед на тоа дека следните оброци се стандардни, дали се бунат за поголема доза? - на колку месеци така почнавте да давате? Ако и некоја друга мајка има ваква пракса нека сподели.
Трети месец почнав да давам така го држеше цела ноќ т.е. само тој оброк и му требаше за 30мл повеќе ќе кажеш малце се ама за него многу значајни беа . Стално зголемував прво ноќно време т.е. последнуот оброк па после тоа продолжував сабајле со зголемен оброк, никогаш немав преминато целосно пример ако пишува на кутијата дека од 3ти треба 120мл да се дава јас не му ги давав сите оброци одма по 120мл туку постепено и скоро ме фаќаше и нареден месец додека да му бидат сите оброци по толку .
Ако даваш мајчино пред спиење малку саати ќе врзува ако даваш ад повеќе ќе ти врзе.И ад даваш по 150мл исто како мајчино?
Правам 150мл, некогаш пие толку некогаш остава 50мл. Не знам колку да правам.. Има моменти ќе задреми и ќе цуцла ќе цуцла и ако му го тргнам шишето ќе заплаче. После 150мл понекогаш кога ќе задреми му ставам цуцла, пошо знам ако продолжи да пие повеќе ќе поврати. Тоа понекогаш и од 150мл повраќа. Не знам чудно ми е многу, секогаш е различно.
Само што направи 3 месеци почнавме со поголем оброк пред спиење, 30мл плус. Преку ден јаде 120 пред спиење 150 Да го држи, кај нас околу 6ипол 7 часаа, ако не се разбуди јас правам и му давам. Моево никад не се буни за поголема доза доволно му е тоа што му е направено во последно време пишував и горе ми остава бааги Во принцип многу е битно бар 5 саати да има размак еднаш во 24ч чисто организмот да направи рестарт
@Brpbrp и не знам за тоа што викаш ад ќе го држи навечер повеќе од мајчино. Јас околу 1 сатот давам мајчино и го држи до 4, синоќа до 5 го држеше.