Ама одамна сме консултирани ние, јас од ко е родено му додава пре. Не го имам заменето со мајчино млеко него додавам кога немам мајчино. @Milkiway да може е поради тоа што сеуште дојам еве 4ти месец како се измолзувам, ама полека ми се намалува млекото сега и може уште месец ќе тераме вака и после скроз на ад. Ќе ве известам во Вторник зошто ми рекоа пре до кога и после 6 месеци која бројка, ако е 1 ќе ја прашам зошто не 2. Се ќе ви кажам.
Супер млеко, скоро 1 месец го користам да знаев порано ќе го купев. На 3,4 саати јаде не бара претходно и редовно кака, капки за грчеви дали еднаш му имам дадено, претходно со Хип имавме маки.
ист е и мојот, од 120ml ќе испие 70 за 15-20мин и после пола саат СО ТЕГНЕЊЕ И ШЕТање го допива остатокот. Е ноќе, на оброкот кај 23h многу СЕ УСПИВА И не го допива за 30ml, па после саат време ќе се РАЗБУДИ гладен и му додаваме нова 30кА. Другарка ја храни малата со ХИП И ГО ДАВА И ПОСле саатипол, па ме интересираше хипот да не стои подолго?
Како е со цена? Јас го користам аптамил ама некако скапо доаѓа пошто само на ад сме, а ми е страв да му го сменам да не му го расипам стомачето имавме проблеми со грчеви едвај ги смиривме со колиеф...
Јас хипот максимум до 2 саати го давав, прочитав на форум дека таква е препораката од СЗО максимум 2 саати да стои АД, и ништо не му беше на бебето, си го пиеше без мака. https://tvoebebe.com/BEBE/sto-da-ne-pravite-koga-davate-adaptirano-mleko
359 ден. 500 гр. пак е поевтино. И мене ми беше страв ама се одлучив и мн сум задоволна. Ни грчеви има ни ништо, супер си е
120мл му давам 3 месеци ќе прави за недела ипол. Претходно имав мн мака со Хипот по 90 мл на 2 саати пиеше. Сега фати ред полесно ми е.
Земи си ич да не се мислиш Јас и со дохрана од Систина потенцираа за хип комбиотик да земам за почеток додека да дојдеше млекото.
колкаво ви е бебенцето, и јас користам аптамил 1 и размислувам да го сменам, моите се 3месеци навистина аптамилот е скапичок, а од друга страна ми е страв да го менувам, засега добро си напредуваат, добро какаат и немаме проблем со грчеви, доколку пробате од тоа од дм споделете искуство
Каква треба да биде водата за ад млекото? Јас ја давам млака накај ладна, (во степени немам ориентација да кажам) , мајка ми прегеска ме замисли, ми вели ладна е така?!
Мало е моето 22 дена, само што отворив нова кутија аптамил, чим ја потрошам ќе купам од бејбилов па и да не одговара 350 ден не се нешто многу, штом пробам ќе ти пишам
За приготвување жешка во степени не знам, го ставам шишето во микро на 1 минута и вруќа е но не зовриена и ставам внатре ад па ја ладам.Гледам да биде млака и топличка зошто ладно млеко не пие лепотанов мој
Млака накај топла давам, инаку стомак го боли. На кутијата од АД ти пишува на колку степени се прави млекото.