Му дадов за проба пошто една вечер морам да го оставам па да му дадат само за тогаш ми е, ама сега ми е страв пак
Мами мојава ај што става раце во уста,ги лиже,ги шмука ама и забележав долната вилица и е бела...има нешто вакво кај вашите? Бап ме замисли,горната си е зорова нормална,долната бела...
Кај мене исто, кај малиов мој 4++,претпоставувам дека повеќе рацете му се таму затоа е побело, мојов не трга раце од долната вилица и сака облека во уста да шмука, а софи жирафата и други глодалки не ги сака.
Да, со месеци... ја хранев полузаспана од 3м до 6м на 2,5 до 3часа сама не побарала, коса ми побеле, потоа почна да си пие дури и многу кога преминавме на кутија двојка, имало периоди одтогаш кога штрајкува 2,3 дена па се враќа во нормала,заби,скокови пролазно. Сега повторно намалува, 6ти скок страшно нервозна, ама веќе сме 8+ има појадок и ручек, воведуваме и вечера еден оброк задолжително млечен да надокнадиме. Не форсирам толку, ке ми попуштат нервите ако го правам истото од 3ти до 6ти месец што го правев,колку пие пие се помирив, да не речам големи сме веќе неможам да ја залажувам. За храна и млеко да, никогаш не плачела и барала,нудам на 3часа, си јаде за чудо, млеко гледам барем да не сме под 500мл дневно. Тоа е мајка, има и вакви деца, ке се помириме
Мајка моето е 7 недели па по 150мл.пие и не мислам дали му е многу или не.Преку ден на 3часа,навечер на 4-5 часа зависи кога само ќе се разбуди
А кога и даваш го пие цело? Моето и кога е гладно и кога бара само, пие по 30мл и за остатокот се молиме, ја шетам во раце за да пие, не издржливо ми е веќе. Плус порано е родена и напредува по 150гр неделно, што е минимумот. Не знам како да ја натерам да пие повеќе. Се мислам да и сменам шише, од медела Ѕ пие, дали да заменам со М,ама мислам мала е за М, 2.5 месеци е.
Да не е во скок? Вака прави и моето кога е во скок само со шетање и пак не го допива, може да е период ама и пробај смените цуцли Ние сменивме и цуцли и млеко па почна да пие
Да на авент се менуваат цуцлите сменивме бројка Озгледа безо се уморуваше цуцајки од 1от и сменивме во 2ка
Викендот мајка ми беше кај мене на сабајлето испи 120 мл Бејби лав 1 од годинка и во саботата и во неделата јас и се скрив пошто сакам да ја одбивам веќе,денес сме сами работам од дома шишето ми го буткаа,никако не сакаше па мораше да цицаа и поубаво спиеше навечерта
Мали сте вие, пробувај заспана, темпирај спиење според време за оброк, вака правев јас знам не е решение ама мора, плус и имате мн време до кашички. Сега сум по опуштена барем кашички давам. Може и до цуцлата е,пробав 100 шишиња и цуцли, почна да пие од мам 2+ цуцле и уште е на тоа, дали беше до цуцлето или помина периодот незнам. Кога ептен бевме на пиење заспана до 6м го пиеше цело 130мл ама заспана, сега пие по 170мл кога како знае за 2мин знае и по половина час будна. Наутро во 6 170мл, појадок во 10ч, во 12ч 130мл мл, ручек во 15ч, вечера во 18 и 30 млечна со 130мл млеко и инстант каша и шише 170мл во 21 и 30 и толку, задоволна сум. Во врска со напредокот, ок сте, сите се различни и ние малку ставаме и преубаво изгледаме и најбитно сме здрави. Ке помине брзо периодов знам како ти е од дома не бев излезена 3 мес само за госпоѓата да се моли со млекце друг неможеше воопшто да ја нахрани, само стрпливо се ке помине. Пробај мам цуцле според мене најубаво.
Да ве прашам случајно некоја од вас да знае дали во Мк постои готова формула подготвена во шишенца само да се даде? Имам роднини во Америка и ми спомнаа за тоа што они го давале на нивното бебе. Претпоставувам кај нас нема такво нешто, ама чисто да си ја пробам среќата да прашам Вака изгледа
Генерацијо Сигурно до година ќе превривам. Користам бокал и не ми е никаква филозофија. Но, доколку превриваш на класичен начин можеш и до 6 месеци, така ми беше препорачано од неколку педијатри.
Не ја превривам, користам Nera Kritis за бебиња и на неа пишува дека нема потреба од превривање. Во случај ако би се нашла во ситуација да користам друга вода на која нема таква ознака, би превривала до година.
Хумана 2 е во дефицит кое адаптирано млеко е соодветна замена? Ние сме со дохрана сме 6 месеца, дојам ретко давам на ден дали по 100 мл пиеме адаптирано
Мами има ли некоја што знае повеќе да ми подобјасни...малава ми е 2+ и пие нан 1 оптипро од раѓање,кога се пие нан2,нан3....кога се преминува на следна фаза???