Прекрасна си Се мислам дали до 6 месеци јаооо ќе прашам следна недела на педијатар Ние прво користевме Јана и ич не му пријаше па се префрливме на ладна ( препорачана од педијатри) хаххааха Ајде ќе видам следна недела што ќе рече педијатарот Уште ова утре правиме 6 месеци а вчера во аптека купив аптамил 1 И си ја отворив денес и ми текна дека 2ка треба би било проблем да сменам или да си терам додека ја потрошам?
Ако ја чуваш сметката смени го. Ако не терај. Уште имам од Hipp 1 додека да го потрошам ќе надминеме една недела од 6м. Ништо нема да им е.
После 6 месеци преминуваш на нан 2, си пишува на кутиите, кај мене на бебеланот и аптамилот пишува... ☺️
Единицата од секое млеко е најслично на мајчино млеко. Исто и пре. До една година можеш да го даваш. Ако не ти јаде цврста храна или пие над еден литар млеко после 6 месеци се преминува на двојка. Двојка и тројка повеќе има кравја сурутка.
Здраво мами. Ве молам за помош, бебулка е 6 месеци, до сега си пиеше Хумана 1, требаше да почне со Хумана 2 ама никаде го нема. Сменивме со Холе 2 ама од кога го почнавме нејќе да чуе да пие млеко. Инаку не сака, ни чај, ни вода и сокче, ама барем предходно млеко пиеше, сега ништо... Ве молам за искуства кое млеко е приближно до Хуманата и од кое сте вие задоволни. Инаку почнавме со кашички, тие ги јаде како така
Продолжи со хумана 1. Ако не е анемично бебето немаш потреба од 2-ка. По колку мл ти пие во 24 часа. До една година можеш со 1.
Преку ден дали ќе испие 300 мл и тоа одвај, навечер ја ранам двапати со млеко, од 120 непие поише ама во сон. Тоа би му дошло околу 500 до 550 дневно млеко. Друга течност недај боже да проба ((
Рачунај дека 120 е 135 мл готов оброк. Ако преминеш на 2 ка уште помалку ќе ти пие. Најверојатно ти штрајкува или забчиња му растат. Гледај колку можеш и во полусон да му даваш ако треба и повеќе оброци со помала милилитража. 500 мл накај 1 година треба да пие освен ако не внесува плус млечни производи. Остани си на единицата.
Веќе пратив абер да и купат Хумана 1. Со првото дете немав никаков проблем, ова ме измачи ем од спремање ем од грижа. А иначе јаде млечни каши мешани со овошје (само овошје многу и е концентрирано па ми се исфрла) и плус обожава зеленчукови. Тоа го јаде два до три пати на ден, не повеќе од 100 до 120 гр од оброк. Ама столицата и е тврда од што не пие течност никаква
Да не ти се многу 3 оброци за 6 месеци. Може затоа не ти пие млеко. Сепак млекото е најважно во тој период.
Ретко се три, три и давам последниве два три дена, пошто гладна е, а млекото не го пие. Обично едниот го јаде околу 11.30 а другиот околу 16.30.
Консултирај си се со педијатар, види ако можеш давај му помалце цврста храна, нуди млеко колку можеш и водичка. Чаеви не препорачуваат се полни желудникот а ништо не добива хранливо. Добар совет ми дадоа малку ванила да натопиш во млекото ама стапче ванила и убав вкус добива. Ако можеш да најдеш таква ванила.
Ми треба совет и насока од некоја мама за новороденче кај што му се дава адаптирано во комбинација со доење. Изгледа јас не ги сфаќам саатите милилитрите и подоите заедно комбинирани или не ми е убаво објаснето. Ако има некоја таква нека ми пише слободно порака. Фала однапред