Dokolku ima feminka od ohrid cie bebence go pie mlekcevo bi go podarila. Ima rok do 22.07.2021. Nie preminavme na Aptamil poradi grcevi pa mi ostana neotvorena kutija
Бебе е 3++ пие Bebelan Alimenta 1, почна да има проблем со столицата,почна да кака на 3 дена, дали е можно млекото да не му одговара се мислам, да го сменам со друго. Да споделите искуства... Какви се тие ад млека против запек, дали се користат за секој оброк, или се дават во комбинација со обична ад форумула, мора ли да бидат иста марка 2те млека ако се дават комбинирано....ако може да ми објасните, зошто бебе има проблем со запек.
Дали даваш пробиотик? Ад млека не се мешаат. Не се даваат две различни формули. Каква е столицата на бебето?
КАкво кака на 3 дена, тврдо ли? Јас користам холе и супер е и хип не е лошо новалак запек му направи.
@Snowflake92 Еве сега од скоро земав пробиотик Ваја, иначе структурата на столицата му е кремаста густина, не е тврда, а бојата жолто зеленкаста, не му е веќе златно жолта, но до скоро бевме на ексклузивно доење, од скоро преминавме на комбинирано и ми кака на 3/4 дена.
Штом е кремаста густина ништо не му е. Нормално е штом пие и ад да е малку погусто. Моето на мајчино бепе ептен течна столица а со ад погуста ама пак не запек, од новалак беше како мастики лепливо како пластелин.
Нормална столица е, не се грижи се е нормално и зеленкаста само да не е црна, бела и во форма на тврди топчиња.
Мајки на бебенца од 2недели - 3.5кг колку (пати - мл) давате ад на вашоте бебенца? Се плашам дека е гладно моево некако послабо спие и е нервозно...
И ние сме како вас ама немам претстава колку исцицал а му давам два пати сабајле и навечер по 90мл . Преку ден е мирен ама навечер е многу ќенкав и нервозно ми ја фаќа и пушта градата.
На почеток бев со помалку ад. И јас немав претстава и мислев цицал повеќе, па затоа имаше помалку ад. Беше доста нервозен. Ама после две контроли он имаше пад на тежината и после стагнирање. Затоа му дадоа повеќе пати по 60мл.
Здраво мамички. Ќерка ми има 6++ и преминавме на Хип 2, меѓутоа и мешавина и од хип 1 бидејќи не го сакаше хип 2 наеднаш да се смени. Два дена што пие чист хип 2, се витка и плаче после пиење. Што би можело да е? И утре одам на консултација со педијатар, кренав паника денес
Малава е 5м и моментално е на дохрана со Аптамил 1. Прееска случајно во ДМ го загледав бејбилав, видов поефтино испаѓа. Се мислам дали да го пробам тоа па ме интересира дали некој направил таква промена и како сте задоволни од бејбилав?
Јас знаеш од кога се канам иста промена да напраам, исто аптамил 1 со бејбилав, ама страв ми е и така има грчеви да не и напраам бетер
@Bicka77 @Iva Mitrevski Женски ќе се самоцитирам по однос на млеково, но мора да напоменам дека секое бебе е индивидуално и додека не пробате нема да знаете како ќе го поднесат. Реално е многу поисплатливо од Аптамилот.
Треба со полни 6 Јас баш пипав пред некој ден дека земав 1ца и ја отворив а за два дена полнеше 6 месеци сеа уште пиеме 1ца па ќе сменам 2ка баш после ќе купам