Јас направив,од Аптамил се префрлив на Бејбилов. Мене ми е супер, ама секако секое бебе е различно...сама мораш да пробаш.
Се одлучив уште вчера, следно ќе биде бејбилав, и онака е помалку од 400 ден малата кутија, ќе ја купам и ќе видам како ќе иде.
Јас ја префрлив од Хумана на Бејбилав.Од Хуманата имаше запек и гасови,откако го користиме ова секој ден кака и супер го прифати,а и мислам најубаво на вкус е бејбилавот,го пробав
Па мислам дека го видов помалку од 400 ден. Запамтив дека пишуваше дека според таа цена, 1000 гр се 700 и нешто денари.
Да,најевтино е.Јас се мислев на Нан да и дадам,бев скептик за бејбилавот,ама многу го користат и сите се задоволни па реков ќе пробаме,па еве тераме со него.
Епа и ја малку скептична сум ради цената. Ама ќе го пробам. Секако веќе одам до дм по пелени, вака ќе заштедам у пешачење до аптека плус
И јас долго време се токмам да го земам Бебји лав, ама во мојот град нема дм, и си велев ај да не почнувам после да не нема кој да ми донесе после, сега ќе отвараат дм вероватно во јуни па се мислам да продолжам тогаш со него…само се мислам да не е многу касно, веќе ќе сме 5 месеци…досега користевме само хипп
Воопшто да не бидеш скептична. 2ипол месеци го користам, по 1кг си качува месечно бебето, плус крвната слика му е супер, баш денес му ја проверував. Ни грчеви, ни запек, ни гладно не е.
Може ли слика од бејбилав 1 млекце? Отварам на гугл мал милион слики ми искачаат со бр.1 па да знам да не погрешам
Ад 2 иде има повеќе кравја сурутка и казеин. Ад 1 и пре е најслично на мајчин Тоа е да. Сменија пакување и по состав е ист како другите, а цената е супер.
Девојки ве молам некој ако знае да ми одговори дали го има млеково во мк бебе е 3 месеци почнав да и давам дохрана сакам да одам во мк па не знам дали го има?
Набавив бејбилов 1, е сега не знам како се дозира, буквиве се толку ситни не можам да прочитам, дали е исто ко аптамилот, на 30мл една дозерка млеко?
Мислам дека како и сите други исто се дозира, 1 дозерка на 30мл. Го купив и јас ама уште не сум го почнала, да го потрошам нан-от прво.