Како бе растително? Кој ти кажа така? А инаку педијатрите кај нас ги знаат само Хип,Аптамил и Нан,ко заостанати со времето се. Кај мене пак од бејбилавот и се смирија грчевите,сите различно. Инаку имаше една членка постирано порано листа од Германија за квалитетот на Ад млеката што ги испитуваат кај нив и бејбилавот беше оценето како едно од подобрите. Големата ми пиеше Хумана ептен и одговараше,на ова пак ете не и се погоди ,така да секој организам различно.
Ах златна плачење дваипол месеци и те како знам што значи гладно бебе, ама дека аптамилот е само големо име не би рекла Како и да е најбитни се децата на нив да им е погодено се друго е небитно
Не форсираат мене ми рекоа кое сакаш бебе да го прифати е најтешко почнав со хип па новалак завршив со аптмил
Мојата од почеток е на нан, прво пре па после 1. И одлично ѝ делуваше. Што ме натера да сменам не знам, дали дека поевтино. Уште првата ноќ се разбуди ноќеска после 2 месеци и имаше гасови, едвај заспа. Ама вчера беше страшно. Затајување до крај
8+++ сме, на доење главно и по еднаш на ден пиевме АД од 3 месеци. Кога и воведов вечера, 7-8 дена и немав дадено шишенце. Вчера сакав да и дадам и нејќе да го помириса, се нервира и ја трга главата. Дали е можно да го заборавила? Баш сега најде да одбива пред да се вратам на работа
Kakvo ad piete? I mojata e na cicanje sakam da i vovedam barem eden obrok ad bidejki cica samo od edna grada.Imam edna kutija Hipp i edna Humana, gi kupiv za pravenje kasicki..
Дали има растителна сурутка? И растително млеко во прав во млекото? Зошто читам дека ги има тие две состојки. Плус вегетаријанско и веган не е исто да не сте се смешале нешто?
Ама не пишува дека е наменето за вегетаријанци, туку дека млекото е такво. А зошто би се потенцирало дека е вегетаријанско млекото, кога се подразбира тоа.
Дали сите ад млека мирисаат така одвратно,и немаат ни вкус на млеко? Бебето е на комбинирана исхрана, од почерок и давав Аптамил, сега сменив на Хип комбиотик и двете се слични. Хип-от дури и полош мирис има.