Со ова темпо не му се собираат ни 500 мл ад на 24 ч...А, плус и дека единицата ја пие, бидејќи двојка нема во продажба, не знам дали внесува све што е потребно од млекото. Ќе правиме утре крвна слика па ќе видиме како сме и за неколку дена е на педијатар да види и докторката како напредува... Искрено, едвај чекам година да направи и да си пие домашно кравјо млеко. Порано така растеле децата па биле здрави како дрен...
Може да му криеш млеко во оброци. Во вечера е најлесно зашто вечерата е секако млеко и житарка комбинација.
Не се оптеретувај колку мл пие, иста бев ко тебе само броев и рачунав докторката ми рече дека и на нив сите денови не им се исти, некад поише некад помалце они гладни неседат ќе плачат Мислам дека само ќе треба да смениш во 2ка некое млеко што ќе го пие сепак според возраст се напраени Мое мислење
Можеби и оброците треба да ги појачаш, незнам што даваш. Наутро наместо само овошје, овошје со житарици, ручек обавезно месо и зеленчук па можеш и лепче да надробиш да биде погусто. Вечера обавезно млечен оброк. Давај да пие јогуртче навечер или помешано во вечерата, ете замена за адаптирано пред спиење.
Пробај исфрли еден оброк и не преминувај на двојка уште помалце ќе ти пие. Млекото до една година е најбитна и не смее под 500 мл да пие.
Поголеми сме сега 5 месеци ама некако последниов месец протестираме со нејадење…се молиме за да стигниме до 700мл..грчевите фала му на бога веќе пред 3 недели ни престанаа
Мамички моето малечко е 4 недели. На комбинирано доење и ад млеко е поради тоа што немам многу количински. Беше на аптамил прематуре а сега се префрливме на аптамил конфорт. Веќе три дена како го пие има многу грчеви, вришти и има запек. Многу лошо го поднесува. Незнам дали да чекам да се адаптира на ова млеко или да барам промена? хелп