Дали овие денови поради жештините бебињата ви пијат доста помалку млеко? Денеска бебе, едно што ми скокна еден оброк, имаше 1 оброк помалку, а и друго пиеше наполовина. Треба да пие по 120мл, сите оброци ги минавме само со по 60мл. Дали е рекција од толото време се мислам, како и нас што ни се јади помалку кога е претопло.....
За поголемки што јадат каши веќе можм да кажам дека од кашите намалува не сака толку мн да јаде, а млеко до сега на топлово не правел проблеми освен во 3тиот скок во рљзвој ама тогаш беше зимо.
Мајки, до кој месец превривате вода? Моево стана 8+ и уште превривам флаширана вода Ладна...Дали да подготвувам со само стоплена?
Давам Јана обична од 6ти мес не превриена. Е сега незнам дали грешам последнава недела не ја ни затоплувам директ во шише, водата ми стои на собна темп а дома жешко оди до 28С, а малата и никогаш не пиела топло млеко онака ради реда греев па ја ладев водата. Грешам ли мајки, пиеме хип комб 2 убаво се раствора и вака млекцето
Мое мислење е да ја стоплуваш водата барем малку. Мислам дека така подобро се раствара млекото. Ако грешам ве молам поправете ме...
Не грешиш, @Bebush 2020 стопли ја водата па дај на бебето онака како ја пие. Мора да се раствори убаво, а тоа се постигнува со температурата која е наведена на самата кутија. Инаку Војдана, јас ја превривам водата и планирам до година така да правам. Но, од педијатар ми беше кажано дека до 6м. треба, така да нема да ти е "грешка" и ако престанеш.
Јас не ја превривам веќе 7 и пол месеци сме, само ја стоплувам флашираната вода и така тераме. Таа е веќе прочистена, а и сега со жешково да вријам вода , да правам сауна во собава, не. И онака нема потреба.
Јас не сум ја превриравала јана, само првите 2 недели, после сфатив дека нема зошто си стои дека е погодна за храна за доенчиња.
Тие што сте на аптамил 2 дали давате само 3 оброка од него!? треба да почнам со 2ка а бебе уште нема 2 оброк ке уведам деновиве па се мислам ако не да терам уште малце со 1
Не. На 6 месеци имавме само 1 оброк и почнав да давам 2ка од аптамилот. 4 пати денски и еднаш во текот на ноќта пиеше тогаш.