Мислам дека не е гладна, да не ја боли стомачето? Види ти пробај појачај за 30мл и види како ќе реагира, ако ти е пак нервозна си ја боли стомачето или сака да спие а не може да заспие, треба да и помогнеш да заспие. Мојот е 7 месеци и останавме на 170мл така ми препорачаа иако на кутиите пишува повеќе.
Зависи, 6/7 дневно ми испаѓаат И јас давав по 60 ама малку му беше, после 2/2 ипол часа почнуваше да плаче и ништо неможеше да го смири Кога му дадов млеко се смири И така продолжив со таа доза И сега знам да му дадам 120мл ако поминсло повеќе време од претходниот оброк ама со зорт ќе ги испие па ќе поврати малку и така А едниот педијатар ми рече да го следам бебо колку може да испие, с др ми рече ич да не му давам туку само да го дојам ама не му стасува само моето млеко
Не, со вода ги правам доручекот и вечерата плус додавам свежо овошје а ручекот си е мевце со зеленчуци.
Па кај мене машкото е тоа што уште си пие по две шишиња од 180мл и тоа само навечер, дали е од навика или не незнам а девојчето пие по 1 навечер и тоа од 150мл. А оброците им се по 200 грама. @Anaskopje
9+ стигна Војдан. Два оброка јаде од 200-250 грама , т.е ручек и доручек, а вечерата е послаба, до 150 гр максимум. Би сакала Ваше искуство со ад на оваа возраст, дали мора обавезно меѓу оброци да се даде ад и дали мора да биде минимум 500 мл за 24 часа? На сабајле мора прво ад или доручек може прво...?
На 9м треба околу 700 мл да пие минимумот е 500 мл. Дете од 11 м 500 треба да пие. Моето пие ад наутро лога станува па после 2ч јаде каша тоа е од секогаш така.
10 мес сме ние. Веќе 2 мес оди вака: 5-6 наутро 170мл ад готов оброк, спие до 9, 9-10ч доручек жотарки и овошје, 12ч 170мл ад па спиење до 15ч, 15-16ч ручек, 19-20ч вечера инстант каши со 120мл ад, во 22 и 30 200мл ад готов оброк и спиење, навечер се буди добива вода и цуцла . За 2,3 недели ке го кратам попладневново шише ке давам цврста ужина, а науто 200мл млекце, да заокружиме 500мл од 11 мес жислам доволно е. Сега за сега внесува околу 700мл млеко
@Snowflake92 @Bebush 2020 Едвај со молење до 500 мл стигнуваме со ад на 24 часа. Нели прво Хумана пиеше, па ја снема во продажба, сега еве втор месец како пие Новалак 2 и иста песна... Не знам дали пак да менувам ад, да земам Бебелан или Холе... Читајќи ве ќе го сменам следново: меѓу ручекот и вечерата не давам млеко. Ќе го поместам... Значи нека руча, па околу 8 вечер нека вечера и после тоа млеко за заспивање... Мака си видов со млеково. Прво со моето млеко па сега со ова ама ајде уште малку ќе се издржи. После годинка е веќе поинаку. Оброци спремани со кравјо млеко се уште повкусни.
Ако ме послушаш не менувај, може е период, имавме и ние милион периоди менев еднаш и видов не е до млекото до детето е. Сега не може да се изнапие дали и е жешко па затоа, и вода многу пие плачи по шишињата кога нема повеќе, е со кашите се молиме
Јас барав за од 8м замоето за исхрана и случајно го најдов Ако можеш види страната им е medicinskisovet.mk
Јас давам доручек со млеко. Гриз со млеко правен и додавам банана, кекси или кекси со млеко итн.Да би почнало о 9 во градинка кој ќе му дава Ад меѓу оброци? Никој.
Се зависи како напредува. Ако за негова возраст качува како што треба ок. Еве споредба син ми последниот преглед качи 800г што е многу имаше 3 ад по 200мл и плус 3 оброка. Давам 1 ужинка и 2 млека. Некогаш давам 1 млеко и млечна вечера. Обавезнп давам јогурт или кисело млеко во ужинка. Мене ми е позгодно денот со млеко да го почне станува во 6 и дури исецкам направам, па ако треба овес да киснеш шанси нема да ме чека. Така да се зависи од бебето. Не е секогаш опција да намалиш скроз ад ако добро напредува и така. Тогаш скрати му количина на оброк. @Brpbrp точно дека во градинка нема да му даваат. Ама ако оди на 9м во градинка стануваш сабајле даваш ад, таму прај што прај после тоа доаѓаш дома вп 4-5 даваш ад и даваш вечера значи пак ќе има 500мл ад и со градинка. Знам ти даваш инстант со ад па ти се фаќа 400мл во денот тие не сум ги пробала. Ако му правам ја вечера(овес, крупник, гриз, палента) со ад тоа е 60мл на 200гр оброк.
Па не знам колку пати јадат во градинка ама знам дека имаат доручек, ужинка, ручек е сега и уште една ужинка не знам дали им даваат. Ако дава ад сабајле после нема ни да јаде. Се зависно колку го држи.