Не сум видела дали е 1 или 2 ужинки го немам уште менито. Инаку зборам син ми станува во 6 тогаш пие млеко до 8ипол е прием во градинка во 9 даваат доручек. А и никогаш не знаеш со градинкиве колку и ги ранат. Другарка во приватна и оди и таму и даваат листа дека јадело. Оди на месечна контрола бебето ослабено 300гр минус. Значи којзнае колку јадело па сега почна и она ад да додава после градинка и вечера. Внук ми што бил јадач и не пребирал храна секогаш прегладнет доаѓаше од градинка.
Тоа е индивидуално. Млекото е наменето за да качува на килажа. Тоа дете ако не јаде нема ни на 2 години да јаде и тогаш пак АД ли ќе се дава? Ако гледаме така единствено "најадени" ќе бидат сабајле, а потоа? Цел ден гладни? И на нив не им е лесно верувајте колку и во градинка пробуваат ред да постават не можат. Тоа млеко може ќе го држи 4 саата, а во 9 нема да му е јаде и го скока тој оброк не јаде до нареден оброк е прегладнето детето пак не јаде.Пак ќе кажам секој најдобро знае за свое дете како и што. Кај мене внуците па најадени беа и наспани во градинка никакви замерки немаше. Ниту пак беа болни некогаш.
Зашто да не јас сакам до 2г ад да му давам ако пие навечер пред заспивање. А да ми е бебе што не напредува и не јаде би давала пак за да надокнади витамини што не ги добива преку храна. Се е индивидуално син ми 4ч никогаш не го држело млекото. Сабајле станува во 6 веќе во 9 јаде доручек. Без разлика во градинка што ќе јаде мојов станува рано ако го држи тоа темпото од станување до доручек 2 саати гладен не можам да го држам.
Мајки бебево ми е две недели и е на комбинирано млеко, е сега по препорака на педијатарот му давам аптамил еден, ама првите денови имавме проблем со повраќање и му земав пре Нан , го отворивме ама не го користевме си продолживме со аптамил 1 е сега незнам дали можам да му го давам или да го фрлам и да си земам пак аптамил.
Штом е отворено максимум може да стои 3 недели, пишува на кутијата…а ако сте терале до сега со аптамил и ако ви е во ред, продолжете со него
Да добар ни е аптамилот, си мислев за не го фрлам да го искористам Нанот ама сепак ќе си купам Аптамил1, фала тии
Која цена е бејби лове млекото? 3ка? Кое се дава после годинката 3 ка или од година шо е ? Колгу гр е кутијата? Има ли некоја што користи какое. Задоволна?
259 денари е над 1 година и е 500 гр. Мали има 17 месеци уште пие формула зошто ем сака многу млеко, поздрава и поекономична варијанта ми е од тетрапак.
Јас сакам додека пие млеко да му давам ад, моментално пие 2ка холе, се мислам дали да сменам со бејби лав или не поекономично ми изгледа , а тетрапак не ни разлислувам да давам.
мајки, до која возраст најкасно сте давале АД млеко тројка.......мојата е 2 години и 4 месеци и уште и давам два пати на ден по 180 мл ХИПП комбиотик 3, многу го сака, ....ама се мислам до кога ќе може да го пие
Бебе 42дена, пие мајчино и плус Ад. Земав аптамил ама пола го фрлам, пишува за 3 недели да се искористи, а ние не го дотрошуваме. Сега втор пат зимам на бејбилов, мислам му е погодено, каката му е жолта, само има мн гасови но не сум сигурна дека се од него. Тука читав демек е растително, и не баш квалитетно. Го користите ли, како сте задоволни, дали бебето ви качувало нормално на тежина? Незнам дали пак да му правам промена
Пребарував и тука прочитав, и јас се зачудив, сега да се дојаде бебе и ке истражам баш да видам разлики меѓу формуливе
Да не го користиш, или си го користела ти? Еве јас читав кај аптамилот на секое е потенцирано кај составот (од кравјо млеко) пишува, а кај бејбилов не. Искрено стварно само се збунив што читав и сега незнам дали пак да му го мењавам. Мислам дека му одговара, грчеви си има, ама од кога му давам плус и сируп со капкиве е подобар
Супер е формулата и е правена по сите стандарди како и останатите само има поприфатлива цена. Ако си го сака бебето не менувај и менување формула прави дополнителни проблеми.
Супер напредува од бејбилов. Може си се збунила со бејбилов Био и само бејбилов млеко. Мојот еве го скоро 11 месеци 11 кила има и веќе ја има триплирано килажата.