Како што ти кажале членките погоре формулата си е супер и го има потребниот состав за новороденче. Ако му одговара на бебуш слободно терај со млекцето.
Да де тоа е. Ништо не му фали, али може да оа погодно за вегетаријанци што праша членката дека е "растително".
Го однесов на контрола денес, супер си напредува, на комбинирана исхрана е, прашав за млеково, ми рекоа да си терам чим му одговара. Фала за одговорите
Nie od start go koristevme aptamilot ama mnogu placese bebe posle sekoj obrok, odkako preminav na babylove se preporodiv mislam, bebe si jade si kacuva kilaza top e
Мајки колку време може да биде отворена кутијата и колку време може да стои направено млеко? Барав ама не пишува на кутијата.
Кутијата 3 недели мислам, а направено млеко околу 1 ч ако не пиело бебето од шишето. Ако пиело помлаку
Девојки многу сум загрижена, бебе за 4 дена прави два месеци.На доење сме и ад.Во последно време главно на ад зашто млеко имам ептен малку.На последната контрола напредуваше по 22 гр дневно, па докторката ми кажа да и давам ад од 75 до 90 мл.Претходната недела пиеше по 75, 80 и 90.Оваа недела многу слабо пие, со форсирање успеваме да стигнеме до 70-75.Ретко се случува да испие 90 мл.Генерално запира на 70 мл.Јаде на секои 3 часа, значи има околу 8 оброци во 24 часа.Ме интетисира колку пијат вашите бебенца на оваа возраст? Дали оваа количина сепак е доволна за оваа возраст? Утре сме на педијатар, но многу сум загрижена.
На последна контрола на 30 јули беше 4430 гр, сега би требало да е повеќе околу 4700 или нешто повеќе (според тоа што ја мерам на домашна вага со мене).Пие Хип хипоалергено комбиотик.
@Anaskopje Па од прилика толку, понекогаш може повеќе.Ќе пробам така со млекото, а јас цело време гледав вкупно вода и прав да ми дојде 90 мл.Фала ти најмногу на убавото објаснување.
Нуди и почесто ако треба по помалку и немој да даваш вода или чај и тоа го полни желудникот дополнително, а нема потреба ништо од тоа бебето.
Да,да,така ќе направам, а баш и давав понекогаш и чајче, но сега веќе не би.Фала ти најмногу, навистина многу ми помогна.
Денес воведовме ад, некој период ќе практикуваме комбинирана исхрана поради тоа што слабо напредува во килажа( бебуш 1 месец). Воведовме Аптамил 1. Таа цицаше прво, па после подој и дадов околу 60мл. Најпрво се грчеше, едвај се искака. Откако и олесна помислив сега ќе потоне во сон ќе си заспие, најадена. Но не беше така. Очите ококорени загледана во мене фаци ми прави јас додека цупкам низ соба шшкам за да ја успијам. Заспа но многу тенок сон, никако да задлабочи. Не е гладна и понудив уште да пие дури и да цица, одби. Дали сте се соочиле со истото? Ќе видиме наредниот оброк како ќе го поминеме