Не е до јадење, вака шарено ќе ти биде до 3 месец после ќе фатите некој ред. Моево напочеток беше комбинирано па само на ад, викаат поише спиеле со ад, како не очи не затвараше
Ќе видиме како напреднува и колку ќе ѝ се чести грчевите, ако продолжуваме со ад ќе сменам фала многу @Krofna* @Snowflake92
Да пробаш да и ставаш во млекото по пет капки колипрев.Кај нас многу добро делуваа.Воопшто нема грчеви повеќе.
Duso, Sega ke pravime 2 meseci, smenav sise za mleko i konecno nemame nisto, mislam za gecevi igra uloga i goltanjeto vozduh
@Маја Т добра идеа @Kaja991 да, затоа читав рецензии и се одлучив за шишињата на Мам, цуцлата е со мн слаб проток, Антиколик. Вие кои ги користите?
Мајки, ние имаме дефинитивно проблем. Со месеци се измачувам со пиењето млеко, за еве синојќа од пладне само 20 мл млеко е пиен и тоа со сила. Цели шишиња млеко фрлам во лабаво. Јаде нормално оброци, а млеко и вода нејќе да помириса. Ќе дехидрира, се плашам. И ослабен е, 9+++ е, а има 8200... Ќе одиме денеска кај педијатарката да ни помогне. Почнувам на работа во петок, не знам што ќе се прави... Крв немам во мене веќе.
Кое млеко го пие? Да пробаш со друго млеко? И нешто цртан ако треба пушти, некоја нова играчка додека пие да дадеш? Може имаш пробано така
Новалак пие сега веќе трет месец по ред. Претходно пиеше Хумана од раѓање ама престанаа да го увезуваат тоа млеко и преминавме на Новалак. Не знам дали да менувам пак млеко. Во болница им даваа Бебелан кога се роди. Поентата е што кога сакал пиел млеко без проблем и Новалак и Хумана.
Дали можеби лази? Колку е активен периодов? Моево со спиење никогаш мака немало ама со јадење и пиење млеко и течности на 3-4 пати имаше периоди кога ништо не сакаше. Сега е 18м. а пред 2 месеци почна вода да пие. Ако пие јогуртче не се плаши, или пробај и во водата за почеток малце капка, две сок од јаболче, може ќе сака да пие.
Пробај поладно. На мојава ако и дадам на телесна температура ќе пивне 50 мл и толку, после уста не отвара. Убаво кога ќе го изладам цело го пие.
Да не му даваш премногу млечни во дохраната? Пробај малце поладничко да биде млекото да му дојде ко освежување Да не го држиш во раце нека биде легнат на кревет, мене ова ми успева Сега со дохрана јаде многу млечни па не се секирам дали ќе го испие млекото, Полузаспан дали проба?
Тогаш не би требало млекото да е проблем. Пробај друга температура како што предложија членките, исто навечер кашите прави му ги со Ад, па и наутро некоја житарка со ад и овошје ако уште одбива. Баш види педијатар што ќе предложи. Здраво ли е бебче? Имав роднина кога бебето имаше воспаление на увото одбиваше шише бидејќи ги болело кога влечеле.
Дали да сменам Холе со Аптамил? 8м сме и од неодамна сме на адаптирано. На почетокот баш не го сакаше ама сега го пие.
Здраво мамички вака ние сме 2 ипол месеци и сме на ад.. на почетокот пиеше аптамил прематур но фатија грчевите и бидејќи никои капки не помогнаа а од млекото имаше тврда столица и сменив на Novalac AC против грчеви што е и до душа помогна за грчевите но премногу повраќаше на секои 5 минути една недела го пиеше и денес повторно се вратив на аптамил ажа овој пат комфорт 1 ама не му го дадов од одма од сабајле пиеше од претходното и прееска му дадов од новото но повторно поврати и упорно отвара уста ко да е гладен..некој совет искуство веќе не знам што да правам ( од одма покажува дали му годи млекото или..пошто ја така малце паничарка сум и прво бебе..)
Обично викаат ако повраќа може да е интолерантно на млеко, но многу е мало за да е тоа во прашање Да не с епрејадува? Може не му прија новалак прекини го остани само на комфортот
Од аптамил прематур не повраќаше воопшто од новалак да и денес го прекинав поточно пред 3 саати му дадов од новото комфорт и пак поврати..без памет сум се мислам дали да почекам до утре да не повраќа уште од новолакот не знам..