Уште не е навикнат за секоја промена на млеко треба неколку дена да поминат додека му се исчисти стомачето од старото
Значи сепак да почекам да не паничам, фала ти многууу прво бебенце ми ее и ме фаќа малце поише паника од тоа што треба
Не менувај млека толку често. Од педијатар ми беше кажано требало 2 недели да видиш промена(пример ако земеш ад за грчеви) и не било убаво да се менува Ад, посебно не често
Прематуре го пиеше уште една недела од раѓање и пред една недела го пиеше тоа и сменив на новалак и до денес тоа и беше ко фонтана и се исплашив..но сепак фала тии на советот ке почекам 2 недели да видам како ке оди
Ако повраќа можеби ќе треба да давате AR формула, а не комфорт. Најдобро со педијатар да се консултирате. А и сега нр знам, ние мајките сме повеќето паничарки. Јас за блуцкање се паничев кај се не се обратив...на другарка ко фонтани повраќаше, она релакс, само смени формула.
Zdravo, do sega koristilme bebelan mleko, se e ok si napreduva ama kakata e zelena veke 10 dena, na pedijatar mi smenaja samo probiotik, no jas sakam i mlekoto, neznam koe da go kupam, se mislam za holle, novalak ili hip.. Za 10 dena pravi 2 meseci
Моето искуство со млекото е следново: заради зелена кака, сменив млеко на 2ипол месеци . Бевме на хип, прво ХА, не знам ни јас зошто така беа пишале од ремедика на испис, ја прашав марина на излгување зошто и давале ХА, да не има алергија, рече најдобро продолжи со тоа, тоа и го дававме тука. И кажував постојано за грчевите и зелената кака еднаш на ден, нонстоп ми велеше смени на Хип комфорт или Хип ова, Хип она(соработуваат со нив) Ајде дека иста марка, ја послушав ама ништо не се промени. По совет на Сајковски преминавме на аптамил на 2ипол месеци и се среди. Почна по 2-3 пати на ден- сенф боја. Грчевите намалија скоро и ги немаше.
И јас го користам бебелан, каката му беше зелена но на педијатар ми кажаа дека е нормална ако супер ти напредува бебече не гледам потреба да го менуваш...Кога ќе почнеш со кашички ќе се смени и бојата на каката..
Мое мислење е ако детето го сака тоа млеко, ако си пие редовно, нема запек и си напредува тогаш да не го менуваш. Нема врска што има зелена столица. Војдан имал често на таа возраст, а и сега се случува понекогаш да има иако 10 месеци ќе прави уште малку. Може да е од железото во млекото. Јас мака имам со пиење млеко со него. Еве неколку дена ич не сака млеко да помириса, а го пиеше претходно. Му давам со лажичка , нејќе ни шише ни цуцла...
Женчиња по колку мл и на колку часа ги храните со ад, на 3 кклограми тежина на бебе. Јас сега давам 60 мл ама како малку да и е.
Кое ад го даваш некогаш и ад може не е погодено па да е гладно а и на колку саати даваш...исто така може од грчеви да плаче. Запази добро како плаче ако врти лево десно главче отвара уста гризе рачиња може да е глад. Ако се стега се црвенее крева ноџиња може да се грчеви...
Оваа кутија да ја дотрошам и преминуваме на аптамил 1. Малку имам мое. Во денот 1 или 2 оброка се мое млеко. Мала се роди и не можеше да влече доволно на града и се научи на шише.
Мајки ние сме 5 месеци, од 40 дена сме на АР формула заради тоа што премногу повраќаше бебуш. Ме интересира тие што сте давале АР до која возраст дававте и како се префрливте на обична формула, дали и понатаму сте имале проблем со анти рефлукс. Фала однапред
Здраво мајки, бебе е 8+ месеци и веќе две недели пие АД на Холе (пред тоа ја доев). На почетокот не го сакаше ама сега го пие. Инаку има премногу гасови, пие пробиотик ама исто. Дали да го сменам со Аптамил или некое друго. Ве молам за совет