А кое и се допаѓа нејзе аптамил и хип ли? Од тие што земаат пари за да ги промовираат? Не се змаарај ако детето напредува добро и нема никаква мака не менувај ад. И ти кажа ли зошто не и се допаѓа? Или само д а се каже нешто.
Никако да се погодиме со бебка околу количина на ад. Постојано ми е гладна. Има 2 м. околу 3800 грама И давам по 90мл аптамил ама едвај ми издржува 3 саати, а по упатството треба барем 4 часа. Вие по колку мл им давате и на колку часа, на оваа килажа?
Ооо па немам јас 1 л. Во денот. Да не го изгладувам детето јас. А има ли некоја формула по килажата колку мл треба да се внесува?
Еден литар пие бебе од 5,6 месеци. На таа килажа и помало родено бебе со еден литар ќе му направи уште поголем проблем.
Леле извини мислев да пишам да не надмине толку ама добро што ме поправија сите јас заборавив дека се пресметуваше според килажа. Ти пишале како се пресметува. Извини за збуната. Сега видов Тоа време кога беше 2ипол месеци пиела 6 пати на ден по 120мл
Многу ти е 1л за таа возраст и тежина. Формулата за колку треба да внесува бебето е тежина *150мл (мислам дека и порано ти ја пишавме со некои членки), значи за 3900гр треба да внесува 585мл. Моето кога беше во скок нонстоп беше гладно и му давав почесто од 2,5 часа. Најдов online калкулатори кои велат дека милилитражата може да биде макс *180 од тежината. Во вашиот случај 702мл. Гледај да не ја надминуваш.
Кога превривам вода и ја ставам во термос за да си имам притоплена и превриена и за преку ден и за навечер. Но приметувам дека имам како талог долу на дното од водата. Нормално е тоа?
А тоа што ми се прават како парталчиња во водата се мислам дали може да е од тоа што не сум ја превривала доволно долго или пак дека ми стои топла во термос?
Тоа значи дека и купечката вода има хлор, а не би требало. И од чешма водата после вриење има хлор. Нормално е затоа превривај ја секоја вода.
Здраво на сите, не знам дали е соодветно место, но да прашам. Имам пакување Bebelan 1 отворено и направена само една доза, синко се исфрли по првото пиење и нема веќе да го користиме, а мака ми е да го фрлам, дали има негде каде може да го донирам?
Дали некој има информација за млекото Humana. Само што почнав да им давам на бебките и супер го прифатија (подобро го прифатија од Hipp и Aptamil)и сега ми кажаа во аптека повеќе нема да го набавувале бидејќи имале проблем со испораките. Живеам во мал град и немам друга аптека тука. Ама би одела и подалеку за да го набавам ако го има. Зборот ми е да не случајно се повлекува млеково од пазар? Првично го купив баш ова млеко поради цената, ама и бебињата повеќе го прифатија. Значи, нема проблеми со мешиња како претходно.