Јас имав млеко за извоз па пак вриштеше на цицка . Барем 3 месеци да поминат после полесно е. Како што ти кажала и Милки земи пумпа и молзи дете на града почесто и пиј чај за доилки и ќе ти помогне се надевам. Меки гради може да имаш и од премногу ако цица тврди гради се преполнети. Не очекувај магично за еден ден повеќе млеко да надојде. Пример ќе сака два дена да цица премногу и ќе плаче и тебе ќе ти е зголеми млекото после два дена ќе ти пукаат градите, а бебе нема да сака да цица
Колку милилитри давате на вашите новороденчиња ако пијат на 3 часа горе доле, давам Baby love и едвај се чита упатство. 20 мл ми рекоа доволно е
Ние сме на HIPP, кога дојдовме дома и правев по 60мл (со 2 дозерки), но неможеше да ги испие, пиеше по 40-50мл, другото го истураш не го користиш повторно истото млеко. После ќе видиш кога и е малце ќе и ја зголемуваш дозата.
Според таа килажа треба да пие околу пола литар направи и ти со една до две дозерки и види колку ќе испие. Една дозерка на 30 мл вода се става. Бебето подигнато храни го и користи антиколик шише.
Мојата од старт цица минимално. Значи немаме еден оброк само со цицање. Значи прво нудиш града да цица, ако и понатаму е гладно даваш ад. Значи прво цицање па после ад. А во часови гледам барем 3 часа да е поминато од ад до ад. Мајчиното млеко не го рачунам.
На 3++ по колку мл по оброк пиете и на колку часа? Ние еден период се засиливме многу сакавме, а сега некако ми стагнира....3++ понекогаш едвај 90мл ќе испие, некогаш 100, а ретко барем еднаш во ден 120. Обично на 3 часа. Околу 5200 грама сме.
И јас мајчиното не го рачунам, затоа и јас давам млеко на 3 саати. И' давам да цица помеѓу оброци, обично на средина помеѓу, односно после саат ипол откако пиела млеко. Не цица навечер, гледам да не ја расонувам, барем тогаш да се наспие на раат.
Тогаш на 3 месеци пиеше по 120мл на 3-4 часа, ама како што те прочитав кај тебе е на комбинирано па плус го доиш бебето, така да нема потреба да се грижиш што сега пие помалку ад, си се најадува и од мајчиното иако ти не го рачунаш.
По малку цицнува да речам така меѓу оброк, или кога е кенкава да се смири, и затоа немам ориентација. Инаку оброк само од цицање немаме.
Ние денес на контрола 60 гр за 4 дена, а сме големи 10 дена, педијатар вика да се дохранува со мајчино да се молам изгледа останува гладна а вака си кака и супер е ама со килажа слабо става. Некој совет од поискусни мамички