Имаме 3 оброци по 180 и два по 150 а измеѓу давам и водичка 3 по 20 мл али тоа затоа што имаме проблем со столицата.
Моето е 2 ипол месеци, во текот на ноќта знае да се разбуди за млеко и после 5 саати спиење, но и после 2 ипол. Кога како. Но во рок од тие 11 саати што ги кажуваш, пие барем 3 пати по 120 мл.
И ние сме исто како вас 2ипол месеци знае исѕо по 5 часа да спија некогаш помалку. Но ние пиеме од 90-120мл зависи кога како бидејќи е прематурче па не сме толку големи да пиеме повеќе а преку ден исто давам чајче отприлика 40-50мл и чат пат водичка по малку
Мајки здраво. Скроз тазе мајка сум и денес првпат треба сами да го храниме. Докторката рече по 35ml да му даваме, ама не прашав по една ли дозерка оди на таа количина? Ептен сум изгубена и не разбирам баш, а страв ми е да не погрешам некаде. Хеллп.
Честитки мајка... дојде среќата кај мама во прегратки значи... се сеќавам на тебе од труднички...софи паника . Какво млекце ќе даваш? На амбалажата пишува дозерката за колку мл. е. Ние сме на аптамил и дозерката е за 30мл.
Колкаво е бебе? До 3 месеци стануваше на 3 часа и денски на 3 часа давав. После 3 месеци само еднаш ноќе се будеше. А после 3.5 месеци не станува ноќе за млеко т.е. 10-12 часа е без млекце. Пиеме 100-120 мл по оброк. Во 24 часа се фаќа да имаме 5 а ретко и 6 оброци. Имаме 5500 грама. По килажа и месеци треба повеќе ама не сака. И на цицка се лепи, ама немам доволно.
Mora da e prevriena? Jas obicna od shishe na sobna temperatura i davam, taka mi pokazaa vo bolnica nikoj ne spomna prevriena, se nadevam ne napraviv belja do sega shto i davam taka, mi rekoa samo na shisheto da ima bebemce pozadi deka e dozvolena za bebinja taa voda
Ако е вода за бебиња нема потреба да се преврива, доволно е да ја стоплиш малку за да се раствори млекото.
Јас би сакала да го споделам.мојот hack за спремање ад, може на некого ќе му е од корист (според препораки на CDC и одобрено од педијатар). Имено, припремам наеднаш за цел ден во посебни шишенца на авент и ги ставам во фрижидер откако ќе се подоладат. Потоа само вадам шише и го ставам во лонче со врела вода за да го стоплам, му треба околу 10тина минути. Ваквото млеко може да се чува во фрижидер до 24 часа, значи ако не се испие се фрла после тие 24 часа. Многу ми.е начинов побрз и попрактичен. Има ли некој што го прави истово?
Многу побрзо е спремањето ако млекото ти е ставено во дозерки а имаш стоплено вода во термос. Млекото се спрема за помалку од минута, нема потреба да чекаш 10 минути.
Јас имам пишувано за ова, во греач на шишиња ми стои шишето на бебе со вода на опција keep warm. За ноќе кога пиеше ми беше спас, измерени дозерки ставам во веќе топлата вода која е таман за пиење. Млекото готово за 20 секунди. Сега навечер го оставам вклучено за сабајле кога стане да имам топло шише и само додавам дозерки. Пак готово за неколку секунди. Истото го прават и со термос.