Од дм термосот е добар. Него ајде сеа помагајте ме предомислуваат за бејби лав млекцето подобро на холе да сум го земела. Иначе бебка е 25 дена.
Моето е на Холе и до сега сме немале никаков проблем, и не е скапо плус. Ама и бејби лав го препорачуваат многу, сепак секое бебе е различно и различно прифаќа. Јас мислев обратно, на бејби лав да сменам ама реално немам потреба сеа за сеа
Месец ипол е бебе, една кутија од 400 грама ја трошам за околу 2 недели Ама сега почнав да зголемувам доза и сигурно ќе се троши побрзо.
А зошто тоа на холе е подобро од тоа на бејби лав? Јас почнав со Аптамил, такво зема мм прво при искачање од болница. Испи 2 пакувања и бидејќи повраќаше, си реков да пробам со друго, да не е до млекото. Земав на бејби лов, исто го пиеше, исто повраќаше. Испи едно пакување од бејби лав и бидејќи добив Аптамил на подарок, продолжив со тоа млеко. Ионака ме нервираше пакувањето на бејби лав, во ќесичка, некако не ми се црпеше млекото добро. Не дека не можеш да го префрлиш во нешто, ама ај. Како и да е, ниту имаше разлика, ниту му направи проблем што на кратко сменивме млеко. Поентата ми е, треба да пробаш да видиш, на некои едно им одговара, на некои друго.
Фала ти мила да сте живи и здрави, само убавини да си имате. И на нас ни рекоа аптамил да го земеме и така ставам по една дозерка. Мене малку не ми се јасни работите. Јас имам и млеко му давам да цицка малку и после се измолзувам. Вадам по 35-40ml. А, во болница ми рекоа давај му да цица колку може па после прави му дохрана. Јас вчера двапати си давав мое млеко, во текот на ноќта дадов од вештачкото. Мене ме наплашија дека е уште незрел и дека предвреме е роден, иако го родив во 37+4 ама дека малечок 2900 па намали на 2630. И цело време тоа ми го збореа и сега се упрпав малку, ама ќе се навикнеме само да ми јаде.
Ако сакаш да доиш цело време на града и навечер посебно. Не давај ад навечер само доење. Преку ден комбинирај, а детето ќе си фати со тек на време убаво. Или измолзувај се навечер и тоа дај му го од шишенце.
Можеш да си купиш лактамикс чај и лактил капсули од аптека, мене многу ми помогнаа да ми надојде повеќе млеко. И мене ме исплашија исто вака, исто 37ма, пробував само со доење ама само симнуваше килажа и затоа комбинирам. На крај краева, според мене, битно е да се најадени и да растат.
Не е незрело, полни 37 недели е. Штом имаш да се измолзиш давај си твое. Ќе си добие на килажа и повеќе ќе влече. Како шо ти пишале....земај чај лактамикс, хумана, а можеш и лактил капсули.
Јас пак мислев само мојава спие со сати без да се разбуди за јадење Јас пак мерам вода во шишенцето, ја пригревам во гезвенце, во меѓувреме мерам од храната во шишето, турам вода, мешам и ако е потопло го ставам во поголем сад со ладна вода за да се подизлади. Вака не трае ни 5 минути.
Јас вака си спремав на почетокот, сеа со термос уште побрзо ми е. Ако е потопла водата ладам кратко во тањирче со ладна вода. Иначе по колку шишенца имате за млеко? Ја имам 3 од кои 2 ми се за млекце а 1 ми е за чајче.
И јас вака правев, ама морам со термос да пробам. Така би било практично и за надвор од дома. Иначе и јас имам 3, едно за пиење, другите две ги спремам и во фрижидер ги ставам и пред јадење му префрлам пола во тоа што пие и тоа го загревам. А како ги миете, чистите и стерилизирате и дали после секое пиење?
Мијам со сјај од стокомак и врела вода, имам сунѓерче и четка само за неа. И еднаш дневно ставам во стерилизатор. Ми подарија на чико. Иначе една мајка продаваше во групата на фб на горење половен за 900 денари. Да не ми подарија тој ќе го купев. Иначе топ работа е стерилизаторот но не ги суши шишињата. Од вриење во тенџере ми обелуваа и мн се нервирав.
И јас со обичен сјај и во тенџере ги вријам, баш се мислев дали се исплати стерилизатор пошто ме нервира целиот тој процес на сто пати миење и стерилизирање