Жени помош. Бебево нема уште ни месец за неколку дена полни месец, цица и плус пие адаптирано. Не ми е јасно на Аптамилот 1 пишува која доза треба за ОД 2 месеци или со 2 ПОЛНИ месеци? На бебеланот беше појасно напишано, овде ме буни.. а и по сите препораки гледам за оваа возраст се препорачува 75 мл за секои 450 грама тежина, ама не ми соодвестува со бебево килажава/возраста. Вака испаѓа дека максималната доза спрема возраста што ја пие е 150 мл помалку отколку спрема килажата. Прашувам оти кавги си имам, вришти гладно е а јас немам многу млеко за да го дојам повеќе од што го дојам моментално.. А знам дека Ад е спрема препораките на кутијата, али некако ми нема логика да е спрема возраста само кога секое дете е различно по килажа ми е пологично да е дозирањето ...
2 месечно е моето и комбинираме ад плус доење, структурата е ни течна ни тврда така измеѓу ама па уште поретко - преку еден ден или еднаш дневно, ваљда нормално е
Колку што знам, сите препораки се според килажата. Не може пример 5 месечно бебе што има 5кг да пие исто колку што пие 5 месечно бебе од 7кг. Треба да се водиме највеќе колку бебето ќе испие во 24 часа, вкупната мл е најбитна. Ако добро памтам формулата беше килажа на бебе÷0.7×100. Би ти препорачала да се вклучиш во фб групава, ептен корисни информации има а и слободно можеш да го поставиш прашањево таму, ептен се стручни за ад. Повели линк https://www.facebook.com/groups/530119147175984/?ref=share
Фала ти! И мене ми има повеќе логика да е спрема килажата, нели и лекарствата се повеќето спрема килажа. Иначе за вкупната милитража правев муабет .. ова моево бебе аждер сака и да цица и максималната доза во 24 часа да ј надминува ќе пишам во групата, фала многу!
И мојата беше така тој период. Ненаситна беше. Сега после 4от месец не сака да пие. Борба водиме Така да радувајте си се како си шмукаат од шишето.
Мајки каква е столицата на бебе што пие само формула? Ние бевме на Аптамил прематуре, од тука сменивме на Комфорт дека бебе не какаше неколку денови. Па ни се појави крв во столицата и Педијатарот ни смени на формула без лактоза и млечни сурутки. Ама сега кога кака има како црни точки, како семе незнам како да објаснам. Дали и кај вас вака има, или пак нешто е друго работа? Си немам мира...
Исто и со првото маки мачев. Живо ненајадено. А млеко немам да и дадам да цица повеќе, поголема кавга ќе ми фати на празна цицка Ама па досега пиеше 18 лажички од Аптамилов во 24ч денеска 21 и вчера и грижа на совест имав дека е премногу Првото тераше вака и со нормално млеко од ко почнавме и морав да и го прекинам за да јади друго јадење накај 2 години почна да ме зафркава. А ако некој е загрижен за килажата (пошто јас бев), ич да не бидите оти сега е танко високо првово а ко бебе беше буце
Мајки бев по млеко во дм, кога гледам имало и друго за 12+, на паковката пишува дозирање 90мл вода 3 лаж млело и толку нема табела. Само толку количинску давате? Мојата пие и по 210мл.
После 4 иот месец во која позиција се бебињата кога ги храните? Мојата нејќе во раце, нејќе во релаксатор? Чаре?
Секако млеко ич не пие јас не знам како издржува, а мочка, кака 2 пати дневно. Само цицнува малку. Секако пробав. Си викам до скокот е. Ама ќе пробам со перниче ако не.
Луѓе пак јас. Моево вечно ненајадено е . Дали некој има ставано повеќе вода на пример место 90мл со три лажички 110 мл. Знам дека на кутијата пишува да не се става повеќе ни помалку вода од препорачано, ама не знам повеќе што да преземам... Патронажната ми рече давај му вода да пие. Логикава ми вели ако смее да пие по малку вода ваљда смее и малку плус вода во млекото? :/ Чаре? Некој сличен проблем да имал? Го ставам и на града почесто а ко ќе нема- нема..
120 дај му. Нему може баш 120 не му требаат ама 100 би биле може доволни ако 90 се малку. Повеќе вода ако ставиш само ќе го разреден млекото и пак ќе биде гладно. Појачај доза па макар и останало некој милилитар недопиено
Ја стално фрлам, 90 и се малку 120 и се многу некогаш. Еве си заведувам и колку јаде. По проценка спремам или 90 или 120.ако и се малце секогаш доправам уште. Не се води по таблелата, следи си го детето. Еве мојата вака и водам евиденција. Рачунам со прашакот внатре
Пробав и така, да, многу му се 120 бљуцка после то или не го допива. Ама и 24 сати со 5 шишиња не знам како ќе се покриеме ако пие по 120.. на Аптамил без лактоза сме :/ Денес ќе пробувам почесто како што бара со по 60 мл да видам како ќе поминеме ... Не знам друго што..