@unearthlysarah @doubleinfinity вчера отворено, знам дека треба во наредниве 2 недели да се искористи, што да му правам за да не оди во канта? Некој рецепт
Ние иако сме на АД да ти кажам никогаш не сум направила каша со млеко…се ги правам со вода….нзн колкаво ти е бебчето и до каде сте со дохрана, имаш инстант каши што можат да се прават со млеко ама треба да видиш од која возраст се користат
Dali davate Ad mleko Kaj dete od 18 meseci I so normalno zdravje? Kolku mleko pijat decata na taa vozrast?
Мојава не пие ни приближно волку… Со 8кг на 7 ипол месеци, би требало повеќе од литар, а пие околу 500-600 мл вклучувајќи го едното млеко во сон што го пие. Мене не ми е јасно со 3 оброка каде да и го напикам временски тоа млеко. Инаку супер напредува.
Моето не напредуваше и педијатар ме советуваше да израчунам по формулава колку треба. Искрено појма немам како е кога се внесени и оброци, моево е 2ипол месеци. Ваљда ако бебето супер си напредува и само го следиш него, супер си е. Ама дефинитивно 30мл е малку за таа возраст, знам во родилиште им даваат 20-30мл, па ваљда како расте треба да се зголеми. Плус, следиш знаци на глад, ако е гладно по испиени 30мл, треба уште.
Ние изгледа сме многу гладни тогаш. Пие по 60 мл и тоа многу ретко на 3 часа, обично 2 ипол или 2 часа и плаче за млеко. Две недели сме. Педијатарката вели давај на три часа по 90 ама нели е многу тоа.
Битен е внесот во 24ч, другото е индивидуално за секое бебе. Пробај да дадеш повеќе и ако бљуцка многу значи многу му е наеднаш. Пробај постепено зголемувај по 10мл. И моево ретко кога издржува 3 саати без млеко, поготово во скок мислам на саат ипол бараше, така да нема врска тоа, ако е гладно давај. Исто има врска и техниката на хранење, пробај со pbf техника и пополека, да трае бар 10-15 минути за да осети ситост. И ако плаче не секогаш е глад, може да се грчеви пример. Види па кажи како ќе оди.
Ке пробам ќе направам 90 па ќе видам колку ќе испие. Досега немав прилика да дам оти за дома ни дадоа да давме пробиотик дијастоп и тоа и направи запек па сменив на провен и сега е подобро. Ќе пробам па ке пишам како поминавме.
Леле и на моево диастоп му правеше запек, сменив и подобро е. А за грчевите капки се даваат, колиеф не спасија нас. На 30мл вода оди 1 дозерка ад иначе, да не го праиш другачије па тоа да е проблемот? И што ад даваш?
Здраво по колку мл ад млеко оброци пие за 5 месеци бебе Моето никско да крне повеќе од 120 5 денски и 2 нокќно по 100 и 60 мл
Е така утеши ме. Да знам дека не сме само ние така Мојата пие денски 4×100 со молење. А ноќе јас ја будам и ќе испие 60-90. Не сака млеко цел месец
И мојата ноќе не се буди за млеко. А и преку ден не бара па со сила и молење пие. Твоето по колку пати пие и колку?
Мамички да ве прашам нешто, брвме на бебелан, какаше на 3-4 дена темно зелено матичната рече да смениме млеко, бидејќи тоа е така бидејќи не какала по неколку денови затоа и таква боја, сега сме на новалак1 и новалак ит мешам по 2 шишиња дневно, какањето се среди, секој ден по еднаш но исто е темно зелено.. што може да е? Таа вика не било страшно