Моево е 5 ипол месеца и пие од 5 оброци 3 или 4 по 210мл. и 1 или 2 по 180мл. значи вкупно околу кило му излага.
Пред некој ден го отворив Хип Комбиотик 3-ка. Ако некој го сака нека ми пише лп да му го дадам, жал ми е да го фрлам, може да се искористи наредниве 2 недели.
Моето 6 месеци какаше зелено…само прашував, само ми велеа од грчевите е или од млекото е…на хипп комбиотик па органик бевме као имало повеќе железо од другите затоа зелена каката…сменав на бејби лав и каката смена боја, стана жолто-сенф боја…ама набрзо после тоа почнавме со вкусови и после секако менува боја од тоа немам совет, само сакав да споделам искуство
Леле супер сте вие машала. Кај нас дали од скокот не знам од што, на пола сме од количината што треба да ја пие. Си го сакам назад бебето што со мерак пиеше млеко.
Ќе видиме како ќе биде, за вкусови и ние може за скоро да почниме скоро сме 4 месеци, ми рече посче 4 или 5ти месец веќе да се почни така да се надевам ќе се среди.
Ќе се среди ќе ти се врати бебчето од скокот е сигорно кај нас беше обратно во скокот уште повеќе бараше да јаде на секои 2 часа бараше едвај додржувавме да дојдат 3 часа све беше со плачки, па се норнализираше сега
Ај дај боже да е така. Сега си викам леле кога ми плачеше за млеко јас не давав дека мала родилна тежина и да не биде толку на често. Чекав 2.5-3 часа
Здраво мамички јас сум нова и ве молам за помош. Се породив 34 недела и бевме на доење. Подоцна снемав млеко и почнав со дохрана аптамил прематур еден месец па аптамил 1 супер го пиеше и напредуваше во тежина ама имаше многу запек. Отидовме на педијатар и го смени аптамил комфорт исто добро го прифати и одма се среди со какањето. Има многу грчеви, и незнам дали сега ке напредува во тежината зошто кака обилно. Дали може да го мешам аптамил 1 и аптамил комфорт? На пример во текот на денот едно шише да пие комфорт а другите аптамил 1?
Кога и како се преминува од 1 на 2ка млеко? Беба на 13ти прави 6 месеци, матичната рече одма да и дадам 2ка само што ќе наполни 6 месеци. Ама читам дека се дава 2ка само кога бебето не качува на килажа или ако е анемично, и дека се менува постепено а не наеднаш.
Мајка Holle користиме од прв ден на раѓање, еве ја скоро 6 месеци, нитуеднаш не сум и го сменила. Така да јас сум задоволна од него. Нема да згрешиш ако го земеш.
Со полни 6 веднаш преминавме на 2ка, без постепено мешање. Не сум слушнала за такво нешто и докторите рекоа само да и го сменам со 2ка
Можеш наизменично да даваш едно шише 1, едно 2 се додека не ги потрошиш кутиите 1. Јас така направив.
Кога ќе одите на контрола на педијатар на мерење ќе ви каже. Нема врска дека така се губи килажа, а исто така никако не се препорачува мешање различни ад, проблеми со стомакот ќе напраиш. За грчевите капки давај.
Стварно педијатриве се ... не знам како да се изразам. Може да се спореди составот на кутиите (на 1 и 2) и ќе се види дали има некаква разлика. Ако бебето нема никаков проблем, си го пие кецот и супер напредува, се тера со таа бројка до една година. Ама ипак, секој за своето си знае и секој има различна доверба во матичниве.
Ќе гледаш по бебе, ако е целосно на АД и ако ги пие сите 8 оброци на растојание од 3 часа целосно , зголеми за 15 мл. Не е битно што пишува на кутијата , тоа е просек. Само да не е повеќе од литар на 24 часа за било која возраст.